verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарски текст полн со медицински дијагнози

on 16 - 06 - 2015       

 

 

[Рецензија: Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски]

Ова е еден коментаторски текст кој не ги исполнува новинарските стандарди. Тој е полн со навреди и со обвинувања кон одредени личности, без притоа да содржи факти и докази за таквите наводи.

Oткако си пратија венец сами на себе  денес со црна пропаганда го погребaа ГруевскиЛинкуван наслов на анализираниот напис: Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски

Датум и време на објавување: 10.06.2015

Датум на рецензирање: 12.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Последната постапка  на опозициските активисти претставува доказ за лудилото во опозицијата и нервозата која владее во опозициските редови. Истите тие денеска продолжија со невкусна пародија во која го погребеа премиерот Груевски, што само покажува за хипокризијата со која се служат и ниските и приземни трикови за да привлечат внимание.“

Авторот на овој текст, кој очигледно бил возбуден од пародијата со погребот на премиерот Никола Груевски, напишал коментаторски текст и притоа заборавил да се потпише. Според тоа, овој напис го крши основното новинарско правило, дека задача на новинарот е да информира, а не анонимно да дава свои коментари. Написот содржи обивнувања за „лудило на опозициски активисти“, а доказ за тоа била пародијата што ја направиле. Никаде во светот пародиите не се сметаат за лудило, освен ако авторот има некаков медицински документ за овие активисти кој докажува дека се „луди“, а заборавил да им го прикаже на читателите.

„Во јавноста е познато е дека Бранко Героски, Сашо Орданоски и Љубомир Фрчкоски му се ментори на Заев, кои со своите налудничави идеи наликува дека стојат и зад ова ново морничаво дело на СДСМ. Од друга страна, Заев со неколку чекори досега јасно покажа дека влече потези врз основа токму на советите на оние кои ја претставуваат најтесната клика на СОРОС.“

Во овој дел од текстот очигледна е целта да се нападнат познати новинарски и професорски имиња, без никакви факти и докази, а притоа се продолжува со лепењето епитети, овојпат, поублажени „налудничави“. „Наликува“ и „тврдиме со сигурност“ се два различни поими, кои и тоа како имаат голема важност за тежината и за вистинитоста на напишаното. Тоа што „наликува“ не е потврдено и не може да се презентира како такво. Уште од самиот почеток на текстот се гледа намерата на авоторот, да се нападнат по секоја цена лидерот на СДСМ, опозициски активисти и критичари на владата.

„Дополнително, со ова се покажува дека Заев нема право на глас во СДСМ . Познавачите сметаат дека поради немањето капацитет и заради тоа што истите тие му ја контролираат цела инфраструктура, невладина и медиумска, го тераат во вакво лудило и без грижа за државата влегуваат во хипокризија.“

Кои се тие познавачи? И каква е оваа каша-попара од пародија, преку Заев и неговото право на глас во партијата, до грижата за државата?

„Со ваквата црна пропаганда на СОРОС, воедно се покажува и дека СДСМ и опозицијата стојат и зад фамозните венци на Борјан Јовановски, со што на површина излегува извитоперениот ум на соросовите активисти кои стојат зад ова морничаво дело.  Кон крајот на април, истите активисти фингираа настан со доставување на погребален венец до домот на Борјан Јовановски, целосно измислен настан кој имаше политичка цел.“

Како шлаг на тортата, на крајот и заканите со смрт кон новинарот Борјан Јовановски се превртени во обвинувања дека СДСМ и „Сорос“ му го испратиле венецот за да поентираат политички. Кога Здружението на новинари, МАН и Синдикатот на новинари ги осудија заканите со смрт за нивниот колега и побараа итно расветлување на случајот,  тогаш авторот на овој напис не може да се нарече новинар, туку партиски портпарол кој ги пренесува ставовите на владејачката партија и на нејзиниот лидер. Оттука и овој текст не е новинарски, туку повеќе – партиско соопштение.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести