verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од опседнатост до смешни конструкции

on 21 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ФОТО-Како-Хрватите-ја-рушат-пропагандата-на-СОРОС-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОС?]

 

Опседнатоста на некои медиуми со Фондацијата „Отворено општество Македонија“ и нападите по секоја цена кон неа, дефинитивно не запираат. Пример за тоа е и овој напис кој се служи со срамна манипулација и со спин, за да создаде впечаток кај читателите дека дури и „Хрватите знаат дека СОРОС лаже“. Притоа, во текстот нема никакви факти и докази за ваквата теза.

ФОТО  Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОСЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОС?

Датум и време на објавување: 19.05.2015

Датум на рецензирање: 21.05.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Граѓаните на Хрватска ги рушат пласираните лаги и тези на овие пропагандни медиуми за наводно присуство на само 30.000 граѓани на собирот на ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека било очигледно дека биле присутни најмалку 3 пати по 30.000.“

Авторот на овој текст, преку неколку фотографии од коментари на неколку луѓе, шири теза дека Сорос контролира медиуми и во Хрватска кои, пак, наводно шират лаги за тоа колку присутни имало на митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Сепак, авторот заборавил да наведе неколку работи кои и тоа како се важни за да може да се каже дека написот е релевантен и вистинит. Прво, никаде не е наведено за кои медиуми станува збор ниту, пак, се пренесени наслови од медиумите за кои се зборува. За линкови до вестите воопшто и не станува збор. Второ, профилите на луѓето кои, наводно, коментирале, исто така се нерелевантни. Тоа, на пример, може да се луѓе од каде било, односно нема цврст доказ дека се од Хрватска. На хрвтаски може да пишува и некој Македонец сместен во своето столче пред компјутерот во стан во Скопје. Дури и да се Хрвати, шестмина Хрвати не ги претставуваат сите Хрвати, како што тоа е наведено во насловот.

Очигледно е дека текстот е крајно манипулативен и дека има цел да го нападне Сорос, а да ја претстави „големината“ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова на крајот е искористено и за да се поентира дека „Хрватите биле разочарани од митингот на СДСМ на кој се вееле карти од Голема Албанија“. Сепак, треба да се каже дека тоа не беше митинг на СДСМ, туку граѓански собир на кој повеќе невладини организации и здруженија, политички партии, побараа оставка од владата на Никола Груевски.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести