verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир

on 30 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Повторно-на-виделина-исцелителните-моќи-на-Лесновскиот-манастир-crop-resize

 

Вестите поврзани со натприродното и мистичното отсекогаш биле атрактивни, како за медиумите така и за нивната публика. Новинарите многу често објавуваат вакви и слични приказни за некакви чуда. Прашањето е дали новинарите имаат соодветна стручна подготвеност за ваквите прашања и дали токму нивното непознавање е причина за сензационализирањето на ваквите вести, а сè тоа за да се привлече што поголема читаност. Но, колку „чудата“ за кои се пишува се вистинити, никој не може да докаже.

Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастирЛинкуван наслов на анализираниот напис: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир

Датум и време на објавување: 25.05.2015

Датум на рецензирање: 27.05.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Таков е случајот и со овој прилог, кој е предлог на наш читател и кој вели: „Вакви прилози се користат за манипулирање и давање лажна надеж на луѓе кои обично немаат пристап до соодветни медицински услуги“.

„Шестгодишно девојче прозборело, а пред само еден месец девојче од Кочани цврсто застанало на нозе, откако заедно со своите родители го посетиле Лесновскиот манастир. Ова се само дел од приказните кои низ цела Европа се прераскажуваат за силата и моќта кои ја имаат македонските манастири.“

Токму така. Ова се само приказни кои се прераскажуваат, а во кои некој верува или не верува. Кога човекот има некоја мака, во состојба е сè да направи, особено кога станува збор за најблиските. Секој има право да верува во што сака, сепак, вербата е индивидуално и интимно право на секој поединец. Но, ваквите приказни не се докажани и кога се пренесуваат како факти, можат и тоа како да се искористат за манипулирање и за давање лажна надеж.

Во прилогот никаде нема изјава од луѓето што ги почувствувале овие чуда на своја кожа, а нема ниту изјава од лекари кои би ги докажале исцелителните својства на манастирот. Давањето лажна надеж е непрофесионално однесување на новинарот, кој и тоа како може да ги изманипулира граѓаните, особено оние кои имаат медицински проблем, а кои не можат соодветно да се лекуваат. Таквите работи истовремено се и играње со огaн, бидејќи можат да предизвикаат дополнителни компликации. Поради тоа, новинарите не смеат да ја убедуваат јавноста во нешто што не е поткрепено со факти и со докази.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести