verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Никакви факти и докази, а серија сериозни обвинувања

on 15 - 05 - 2015       

КАНАЛ 5 Телевизија teroristi-crop-resize

 

[Рецензија: Терористите пристигнале во земјава во време кога траеја насилните протести]

 

Очаен и срамен обид за манипулација и за поврзување на опозицискиот СДСМ со терористичката група што беше разбиена во полициската акција во Куманово. Текстот, од една страна, не е поткрепен со никакви факти и докази, а од друга страна, посочува сериозни обвинувања на сметка на најголемата опозициска партија.

КАНАЛ 5 Телевизија teroristiЛинкуван наслов на анализираниот напис: Терористите пристигнале во земјава во време кога траеја насилните протести

Датум и време на објавување: 11.05.2015

Датум на рецензирање: 13.05.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Терористичката група, која властите ја оценија, како една од најопасните на Балканот, која беше утврдена во кумановската Дива населба, според информации до кои дојдовме, на македонска територија влегла на петти и шести мај односно во вторникот и средата. Токму во овие денови во Скопје, но и други градови, се спроведуваат протести против полициска бруталност при што беа повредени околу триесетина полицајци од страна на учесници во протестите, зад кои, како што се наведуваше во повеќе медиуми, стои опозицијата и голем број невладини организации финансирани од Фондацијата отворено општество Македонија.“

Главната теза на овој текст, дека опозицијата и Фондацијата „Отворено општество Македонија“ (ФООМ) намерно организирале протести против полицијата за да им го одвлечат вниманието на припадниците на МВР и терористите да влезат на територијата на државата, паѓа во вода имајќи предвид неколку факти кои очигледно авторот ги заборавил. Прво, СДСМ и ФООМ не се организатори на овие протести, туку протестот го поттикна движењето „Стоп за полициската бруталност“, кое, поддржано од граѓани, новинари, невладини организации и од политички партии, го изрази својот револт против полицијата и особено против министерката Јанкулоска поради затскривањето на убиството на Мартин Нешковски, што беше обелоденето во „бомбата“ која ја објави СДСМ на 5 мај.

Второ, не може со сигурност да се тврди дека терористичката група влегла во Македонија токму на 5 и на 6 мај од причина што МВР, еден ден подоцна, откако е објавен овој текст, односно на 12 мај, откри дека истата група, неколку недели порано, на 21 април, ја нападнала караулата во Гошинце. Дека групата била претходно навлезена на македонска територија, потврди и директорот на српската воено-безбедносна агенција, Петар Цветковиќ, чија изјава беше објавена истиот ден кога е објавен и овој текст.

„Според Цветковиќ наоружаната група која се судри со полицијата во Куманово, долг период била стационирана на територија на Македонија. Уште во април ги известиле безбедносните структури во земјава дека големи се шансите групата да нападне.“

Дека групата била подолго време следена, потврди и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој по состанокот на Советот за безбедност посочи дека за оваа група на почетокот од 2015 година писмено информирал 17 партнерски служби на земјите од Европската унија и од НАТО, како и земјите во регионот.

Она што е најинтересно е дека истиов текст одекна истиот ден во повеќе медиуми кои важат за блиски до власта, како што се „Курир“, „Алфа“, „Сител“, а во сите нив изворите беа анонимни. Сличноста во текстовите посочува на фактот дека информаторот бил ист, а информациите непроверени и пласирани со ударни наслови за да се изманипулира јавноста и да се создаде погрешна слика дека опозицијата има некаква врска со терористичката група од Куманово.

Право на новинарот е да не го открива изворот на своите информации, но во случајов е прекршено правилото од Новинарскиот кодекс „Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“. Во случајов станува збор за непроверени информации пласирани како факти, кои се однесуваат на сериозни обвинувања и кои не можат туку така да се објават. Мора да постои цврст доказ за нив. Во Кодексот јасно се наведува дека „Новинарот има право да одбие работна задача, доколку е во спротивност со принципите на Кодексот“. Ова, особено, ако станува збор за ваква манипулација и за неоснован текст за кој може авторот да заработи и тужба.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести