verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Во Новак сè е идеално

на 27. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Зурли и тапани во Новак – над две илјади жители го пречекаа премиерот Груевски]

  Од авион може да се види дека овој прилог е политички маркетинг и дека има цел да го испофали премиерот по секоја цена. Написот е политички пристрасен и несеопфатен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Зурли и тапани во Новак – над две илјади жители го пречекаа премиерот Груевски Датум и време на објавување: 22.08.2015 Датум на рецензирање: 25.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Ударен наслов и еуфоричен вовед. Повеќе од 2.000 жители со зурли и со тапани го пречекале премиерот Груевски. Ова е првата слика што може да се види од прилогот. „Слична беше и сликата во Жировница, Ростуше, Скудриње и останатите рекански села кои

Ѓаволски голема желба за повеќе кликнувања

на 23. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: На гинекологија се роди бебе-ѓавол – веднаш е препратено во САД]

  Веќе навикнавме на македонските портали да читаме сè и сешто во трката за што поголем број кликнувања и за поголема читаност, но ова веќе ги надмина сите граници на желбите за сензационалност. Ова во никој случај не може да се нарече новинарски текст, а уште помалку да се пласира како таков на информативен портал. Дури и да е вистина тоа што е напишано, мора да има дебела основа за да го убеди читателот во веродостојноста, но во случајов ова е само еден евтин трик за привлекување читатели. Линкуван наслов на анализираниот напис: На гинекологија се роди бебе-ѓавол – веднаш е препратено во САД Датум и време

Новинарство на „жими мајка“

на 19. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Циц на Могрен „учи“ демократија]

  Овој напис нема ништо од новинарски текст. Тој е политички пристрасен и има цел само да го нападне градоначалникот на Куманово кој доаѓа од редовите на опозицијата. Авторот, наместо факти и докази, на читателот му приложил текст полн со нереални и неиздржани напади. Од обична фотографија, во овој случај е направен еден пропагандистички текст кој нема врска со новинарство. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Циц на Могрен „учи“ демократија Датум и време на објавување: 15.08.2015 Датум на рецензирање: 19.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц, летово ужива во Будва, на една од најпрестижните плажи на Јужниот Јадран, Могрен, во близина на Стариот Град. Будва годинава важи за една

Верувале или не! Веѓите ќе ви опаднат од читање

на 17. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: (ФОТО) Опаднатите веѓи на Груевски-откриваат растројство!]

  Кога ќе го прочитате нaсловот на овој текст, добивате впечаток дека сте наишле на сериозна и експертска психолошка анализа на изгледот и на однесувањето на премиерот Никола Груевски, но тоа во написот надолу го нема. Читајќи го текстот понатаму, си помислувате дека е некој виц, но, всушност, не станува збор ни за тоа. Ова е само една несериозна приказна спакувана како новинарски текст, која нема никаква тежина и која во никој случај не наликува на новинарска работа. Линкуван наслов на анализираниот напис: (ФОТО) Опаднатите веѓи на Груевски-откриваат растројство! Датум и време на објавување: 12.08.2015 Датум на рецензирање: 14.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „После објавувањето на прислушуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“,

Кој е криминалецот тука?

на 15. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки]

  Текстот кој е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува дали „странски државјанки“ е синоним за криминалки кои мора да се фаќаат. „Ако се жртви на трговија со луѓе, како им се помага со тоа што ги покажуваат нивните фотографии и кој му ги дал на порталот?“ – прашува нашиот читател. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки Датум и време на објавување: 14.07.2015 Датум на рецензирање: 13.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Она што прво „боде очи“, според нашиот читател, а сигурно и за многумина други, е насловот: „Во ноќен бар во

Енгиматичен и збунувачки наслов

на 10. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Нема веќе евтина струја]

  Написот кој е предмет на оваа рецензија не содржи никаква вест во себе. Текстот е недоречен и тенденциозен и нема извори. Насловот е сензационалистички и несоодветен и има цел да предизвика што поголема читаност. Линкуван наслов на анализираниот напис: Нема веќе евтина струја Датум и време на објавување: 02.08.2015 Датум на рецензирање: 10.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Нема веќе евтина струја?! Сигурно многумина што го виделе овој наслов се извадиле од памет. Ќе се укинува евтината струја која сега е само навечер или, пак, цената на струјата ќе скокне до плафон. Но, не. Кога ќе ја отворите веста, ќе видите дека такво нешто не се спомнува никаде. Тогаш која е целта на веста? „Како

Новинарот треба да истражува и да анализира, не да гата

на 29. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ ја надградува програмата со која изгуби со над 150.000 гласа разлика]

  Ова е еден крајно манипулативен и тенденциозен текст, за кој многу лесно може да се каже и дека е политички пристрасен, односно навивачки. Главната поента на авторот е дека СДСМ, на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат во април идната година, ќе изгуби исто како и лани – со огромна разлика, без притоа да посочи од каде таквиот заклучок, врз основа на кои анализи и истражувања? Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ ја надградува програмата со која изгуби со над 150.000 гласа разлика Датум и време на објавување: 27.07.2015 Датум на рецензирање: 28.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Манипулацијата е содржана уште во самиот наслов:

Самоубиство?! Кој вели така?

на 27. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Самоубиство во Волково: Момче се фрли под воз]

  Написот кој е предмет на оваа рецензија e во ред, но тој има проблем со насловот и е пример за тоа како некогаш се прават грешки во новинарството, така што предвреме се изведуваат заклучоци. Линкуван наслов на анализираниот напис: Самоубиство во Волково: Момче се фрли под воз Датум и време на објавување: 23.07.2015 Датум на рецензирање: 27.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој напис информира за несреќа на пругата што ги дели населбите Волково и Ново Село, а во која воз прегазил младо момче, кое починало на местото на несреќата. „Луѓето кои ги сретнавме таму претпоставуваат дека станува збор за самоубиство, бидејќи момчето се обидело да ја премине пругата токму во

Новинарот не треба да суди, туку да биде реален

на 24. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Дали сопственикот на „Доказ“ е нападнат, или се е само сценарио за политички поени?! (фото)]

  Овој текст е крајно тенденциозен. Му наметнува дилема на читателот, а истата не е проверена. Очигледно е дека текстот е политички пристрасен и дека има цел физичкиот напад врз новинарот Марјан Стаменковски да го употреби за политички цели. Линкуван наслов на анализираниот напис: Дали сопственикот на „Доказ“ е нападнат, или се е само сценарио за политички поени?! (фото) Датум и време на објавување: 21.07.2015 Датум на рецензирање: 24.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Дали сопственикот на Доказ, Марјан Стаменковски, навистина бил претепан?! Ова прашање се отвори на социјалната мрежа фејсбук. Очигледно народот не ги зема здраво за готово сценаријата на соросоидите.“ Авторот на написот

Задача на новинарот не е да фали и да велича политички лидери

на 23. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Груевски вчера ја реши кризата, денес во посета на изградба на американската компанија „KSS“ во Кичево која ќе вработи над 1.000 лица]

  Овој текст е пример, како од еден обичен настан, се прави драма. Линкуван наслов на анализираниот напис: Груевски вчера ја реши кризата, денес во посета на изградба на американската компанија „KSS“ во Кичево која ќе вработи над 1.000 лица Датум и време на објавување: 15.07.2015 Датум на рецензирање: 22.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Откако вчера ја реши политичката криза со постигнување на договор за предвремени избори на 24-ти април следната година, премиерот Никола Груевски денеска е во посета на изградбата на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во Кичево, која ќе вработи над 1.000 лица.“ Класична пропаганда!

Претплатете се за најнови вести