verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Пропаганда: Едностраните аргументи не информираат, туку убедуваат!

на 27. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните]

  Ова е класичен пример на политичка пропаганда во еден текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека опозицијата сака да ѝ нанесе штета на државата, а со тоа и на општото добро на народот, а владата, олицетворена во ликот на Никола Груевски, е претставена како Бог во кој народот го гледа единствениот спас од лошата опозиција. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да го руши системот, Груевски возвраќа со проекти за граѓаните Датум и време на објавување: 23.03.2015 Датум на рецензирање: 26.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Заев фрла со „бомби“ кои се штетни за државата,  ВМРО-ДПМНЕ враќа со позитивни мерки.  Намалувањето на невработеноста, подобрување

Ова не е новинарство: Наклевети, па напиши ќе видиме дали клеветава е точна

на 24. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Лесно се плаче со 5.000 евра: Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секоја месец добива 5.000 евра од Заев?!]

  Од авион може да се види дека овој текст е политички пристрасен и дека има цел да го дискредитира генералот Стојанче Ангелов и неговиот обид, како што тој самиот вели, „да ја преземе Македонската радио-телевизија“. Во текстот нема никакви извори туку само обвинувања на основа на разговор меѓу бранители

Рецензија: Заев ќе ја брка Шекеринска од СДСМ!?

на 19. 03. 2015 | |
  Ова е класичен политички пристрасен и манипулативен текст, кој не содржи никакви извори, факти или докази и кој лесно може да се оцени како чиста измислица. На тоа, всушност, наведува и самиот наслов, односно фактот што и самиот автор на текстот се прашува дали тоа што го пишува е навистина така. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев ќе ја брка Шекеринска од СДСМ!? Датум и време на објавување: 12.03.2015 Датум на рецензирање: 18.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска На почетокот од текстот, авторот тврди дека лидерот на СДСМ поседува некакви си докази за соработка на Шекеринска со ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за таквите докази нема, ниту од Заев, ниту, пак, од владеjачката партија или од некоја друга страна. Целта очигледно е да се

Рецензија: „Ќе биде најверојатно граѓанска војна“

на 16. 03. 2015 | | sq
  „Поттикнување страв и нетрпеливост“. Вака наш читател гледа на овој текст, особено на насловот. Но, она што, всушност, може да се заклучи од текстот е дека тој е политички манипулативен, со тенденција да се надоврзе на тезата на владејачката партија, дека опозицијата сака да предизвика граѓанска војна во Македонија. Она што е спорно, е дека ваквиот заклучок се вади од материјали од истрагата за случајот „Пуч“, за кои сè уште не е утврдено во судска постапка дали се веродостојни или не. Линкуван наслов на анализираниот напис: „Ќе биде најверојатно граѓанска војна“
Датум и време на објавување: 05.03.2015
Датум на рецензирање: 16.03.2015
Рецензент: Ана Анастасовска „Шест илјади пораки и материјал од над 300 страници е резултатот на пробиениот „Скајп“ на

Рецензија: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики

на 9. 03. 2015 | | sq
  Напумпан наслов и текст кој нема никаков допир со реалноста. Се наведуваат замислени заклучоци, кои не се поткрепени со никакви факти и наводи. Со еден збор, авторот на овој текст од  „мравкка направил слон“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики Датум и време на објавување: 03.03.2015 Датум на рецензирање: 06.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и најверојатно се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано, пренесува МИА. Ова денеска го пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти  и во исто време ја пренесуваат

Рецензија: Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената

на 7. 03. 2015 | | sq
  Насловот на овој текст, во кој се испуштени клучни податоци, како, на пример, земјата во која се случил настанот или името на опозиционерот, има цел да го наведе читателот на погрешен заклучок. Тој, исто така, содржи и погрешни информации, односно се вели дека опозицинерот бил со својата жена во моментот на убиството. Линкуван наслов на анализираниот напис: Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената Датум и време на објавување: 27.02.2015 Датум на рецензирање: 04.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Во услови на политичка криза во Македонија, кога опозицијата на чело со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објавува т.н. „бомби“, а Владата на чело со премиерот Никола Груевски поднесува кривична пријава за организирање државен „Пуч“, во која е опфатен 

Рецензија: Зошто „македонските Анонимуси “ предизвикаа паника на Бихаќка ?

на 27. 02. 2015 | | sq
  Ова е еден крајно манипулативен и политички пристрасен текст, кој се базира само на шпекулации и на чаршиски муабети, без поткрепа со факти. Единствен факт употребен во овој текст е дека „Македонски анонимуси“ објавиле видеозапис на „Јутјуб“ со кој тврдат дека ги хакирале компјутерите на СДСМ и дека ќе ја објавеле „правата вистина“, спротивна на проектот „Вистината за Македонија“, кој го реализира опозицискиот СДСМ преку т.н. „бомби“. Насловот и текстот се тенденциозни со намера да предизвикаат паника во опозицијата и во јавноста, алудирајќи дека таа веќе почнала да се шири. Но, без никакви докази за тоа, тезата лесно паѓа во вода. Линкуван наслов на анализираниот напис: Зошто „македонските Анонимуси “ предизвикаа паника на Бихаќка ? Датум и време на

Алатки и трикови за полесна новинарска работа во дигиталниот свет

на 26. 02. 2015 | | sq
Веројатно една од највредните алатки на „Гугл“ – Google Analytics ви кажува колку посети и посетители сте имале на Вашата веб-страница. Фото: Blue Fountain Media, 2012  

Дигиталните алатки и платформи се сега составен дел од работата на поголемиот дел од новинарите во современиот свет. Сепак, многумина сè уште не знаат како да ги користат напредните техники за пребарување на „Гугл“ за да си го олеснат секојдневното работење, смета Ден

Рецензија: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син

на 20. 02. 2015 | | sq
  Насловот на овој текст е сензационален. Помислата дека една мајка го нашминкала своето бебе, навистина, ужаснува, но, сепак, се работи за тоа дека мајката користела веб-апликација, факт кој се открива подолу во текстот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син Датум и време на објавување: 17.02.2015 Датум на рецензирање: 19.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „28-годишна мајка со име Фиона го нашминкала својот мал си Габриел со „тешка“ шминка, а оваа нејзина забава предизвика многу полемики.“ На прв поглед насловот привлекува внимание и секој со голема љубопитност би го отворил овој текст, веројатно за да прочита и да види каква е таа мајка која се охрабрила да шминка мало бебе. Сепак, подолу во текстот се

Рецензија: Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијците

на 18. 02. 2015 | | sq
  Овој текст е само дел од низата текстови објавени последнава недела со тенденција да се нападне и оцрни лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој во јавноста излезе со „бомба“, обвинувајќи ја власта дека прислушувала повеќе од 20.000 граѓани. Авторот се повикува на ставови и на мислења на експерти, иако од нив нема ниту трага ниту глас во написот, од што може да се заклучи дека тоа се ставови на самиот автор, кој во овој случај е анонимен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијците Датум и време на објавување: 13.02.2015 Датум на рецензирање: 17.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Опозицискиот лидер Зоран Заев и во вечерашното интервју за Алсат-М продолжи со заканите преку материјалите кои

Претплатете се за најнови вести