verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фалбаџиска реклама маскирана како вест

on 16 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје]

 

Овој напис по ниту еден стандард не е новинарски текст, ниту вест, но, сепак, заслужува рецензија поради содржината и критериумите за „најпосакуван ерген“, но секако и поради коментарите на читателите кои се револтирани од напишаното.

Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје   ЛибертасЛинкуван наслов на анализираниот напис: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје

Датум и време на објавување: 09.06.2015

Датум на рецензирање: 14.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Менаџерот на популарното „Дежаву“ според девојките е најпосакуваниот ерген во Скопје.“

Кога ќе се прочита насловот на овој текст, секој би очекувал да дознае, според кои тоа критериуми наведениот Боби Трајковски е најпосакуван ерген во Македонија. Логички е по ваков вовед да следи и соодветно изработена анкета со резултати. Но, такво нешто нема.

„Боби Трајковски никогаш неможете да го видите несреден. Костумите му се заштитен знак, вози бесна кола и се облака светски. Имиџот на сериозен менаџер и скоцкано момче му го даде епитетот најпосакуван ерген за женачка.“

Наместо анкета, костумите и бесната кола му ги дале ваквиот епитет. Ваквите критериуми предизвикаа бурни реакции кај дел од читателите. Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ пишуваа коментари од типот „какви вредности се промовираат со текстов, ако има добра кола и е добро облечен, девојките треба да трчаат по него и тој да биде најпосакуван ерген?“.

Очигледно е дека авторот на овој напис сакал да му направи реклама на менаџерот на „Дежаву“, но заборавил да напомене дека станува збор за текст со во корист на односите со јавноста. Доколку не станува збор за рекламен напис, тогаш веста, макар и во пет реда, треба да биде професионално новинарски изработена. Задача на новинарот не е да фали, туку да пренесува информации.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести