verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Трансцендентален“ напис без извори

on 8 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва]

 

Написот кој е предмет на оваа рецензија има проблем со вистинитоста. Имено, во него се говори за некакви си научни докази, а од нив нема ниту трага, ниту глас.

Научниците тврдат   мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва   Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва

Датум и време на објавување: 02.06.2015

Датум на рецензирање: 05.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Мозокот кај луѓето кои се на халуциногени дроги многу е сличен на мозокот на свештеник или верник за времен на молитва – тврдат научниците.“

Ова е тезата која е застапена во текстот, односно дека зависниците од наркотици, во моментот кога ги консумираат, и луѓето кои во моментот се на молитва, имаат ист мозок.

И тоа би било во ред доколку анонимниот автор на овој текст се потрудил да ни ги презентира овие научни докази или, можеби, да ги напише имињата на научниците кои дошле до таквиот заклучок или, пак, од каде се тие научници. Или доколку сето ова му било тешко на новинарот, можел само да стави линк од каде го презел текстот.

„Еден број на научници наведуваат дека чувството на поврзаност постигнат на дроги е вештачки а оној кај верниците според истинкт, односно трансцендеален.“

Што сакал да каже авторот? Еден број на научници може да се кој било број. И повторно се наметнува прашањето кои се тие луѓе што го тврдат ова.

Очигледно е дека вистинитоста на тезата пренесена во текстот не може да се докаже на ниту еден начин. Авторот, можеби, сакал само да привлече читаност и ништо повеќе. Воопшто не се потрудил на читателот да му сервира повеќе информации за да може читателот да се заинтересира за темата и да дознае нешто повеќе. Ова четиво слободно може да се смести во рубриката „смешно и невистинито“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести