verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Убедување на јавноста во однапред смислена приказна е пропаганда, не новинарство

on 11 - 04 - 2015       

СДСМ во фајтинг  Заев во шопинг во Грција-crop-resize

[Рецензија: „Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција]

 

Ова е еден крајно спинерски и манипулативен текст, кој од почеток до крај креира сценарио дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, е „предавник“, а притоа користи непроверени информации. Написот е полн со коментаторски елементи и има цел – дискредитација на Заев и „перење“ на премиерот Никола Груевски.

СДСМ во фајтинг  Заев во шопинг во ГрцијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: „Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција

Датум и време на објавување: 06.04.2015

Датум на рецензирање: 08.04.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажбата на имотот во Грција е склучен на 28 декември во 2012 година, само 4 дена по инцидентите во Собранието, пишува Вечер.“

Очигледно е дека авторот на овој текст, односно пропаганден памфлет, сака да го испере Груевски по објавената „бомба“ од опозицијата за хашките случаи. Истиот ден, 6 април 2015 година, кога СДСМ го обвини Груевски дека од плажа во Грција наредувал да се гласа амнестија за хашките случаи, овој медиум излегува со текст дека Заев договарал да купи куќа во Грција додека неговите сопартијци „глумеле“ жртви на полициско насилство на 24 декември 2012 година. Ова е уште еден спин и обид за манипулација, имајќи го предвид фактот дека опозициските пратеници на 24 декември 2012 година не „глумеа“, туку беа жртви на полициско насилство и брутално беа исфрлени од македонското Собрание.

„Лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев секојдневно се обидува да го убеди народот во неговите добри намери, и да покаже дека е патриот, но ден на ден тој се повеќе се заплеткува во сопствената мрежа на лаги. Јавноста се сеќава на неговата изјава кога побара да си ја “свиткаме кичмата” за името, а деновиве станавме сведоци како Заеви купувале луксузна хациенда на брегот на Халкидики.“

Заев сакал да го убеди народот дека е патриот?! Не, Заев јасно кажа дека со „бомбите“ сака да го убеди народот дека Груевски не е толку голем патриот како што се претставува. Она што е спорно е и кои се тие лаги во кои Заев се вплеткува и каква врска има прашањето за името во овој текст? Тука е спинот, односно обидот на авторот да го убеди читателот дека „Заев не бил патриот“.

„Но, она што е уште поскандалозно е фактот што Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажбата на имотот во Грција е склучен на 28 декември во 2012 година, само 4 дена по инцидентите во Собранието.“

Договорот бил склучен само четири дена по инцидентите од 28 декември 2012, но потписот не го ставил Зоран Заев, туку негов роднина. Каква врска има Заев со тоа што негов братучед купил вила во Грција и од каде тврдењето дека лидерот на СДСМ бил во Грција во тој период и го привршувал договорт за купопродажба, кога за тоа нема никаков доказ? Без цврсти аргументи, тезата за „скандалозното“ отсуство на Заев од „црниот понеделник“, која провејува во овој текст, паѓа во вода.

„Информациите дека Заев купувал хациенда на Халкидики додека пратениците и членството ги извршувале креираните сценарија, уште повеќе го зголемило незадоволството кај членството.“

И како шлаг на тортата, текстот завршува со коментар дека членството било незадоволно од тоа што Заев купувал куќа во Грција. Непроверена информација, која не може да се докаже како точна, се извртува и се пласира како вистина која предизвикала незадоволство, кое, исто така, не е поткрепено со никаков факт.

Ваквите спинерски текстови станаа практика во нашето новинарство и тие во голема мера го спуштаат нивото на медиумското изразување и пишување. Коментаторските текстови кои без никакви докази и факти го убедуваат читателот во однапред смислена приказна, се нарекуваат пропагандистички, а не новинарски текстови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести