verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во новинарството нема место за лажни вести

on 15 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: ЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија!]

 

Текстот што го рецензираме е чиста манипулација и невистина и има цел да го деградира лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев. Самиот наслов на написот „Заев потврдил на хартија: Прифаќаме двојазичност на цела територија!“ е еден голем спин и лага, а е пренесен на начин да изгледа како вистина и како да е извлечен од сигурни и добро проверени извори.

Но, кога ќе го отворите текстот, ќе видите дека напишаното не е точно.

ЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА Прифаќаме двојазичност на цела територија zurnal.netЛинк до оригиналниот написЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија!

Датум и време на објавување: 13.02.2017

Датум на рецензирање: 14.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

ИСКРИВЕНА СЛИКА

Прво, написот се повикува на текст објавен на „Телевизија 24“. Но, не е посочен линк до изворната информација и токму тоа е искористено за истата да се „филува“, да се пласираат погрешни информации и на читателот да му се создаде искривена слика.

„Според ДУИ, засега потврдуваат дека Заев удрил параф на предлог за употребата на јазиците, односно двојазичноста, со што де факто, Заев веќе и формално прифатил спроведување на двојазичност на целата територија на Р.Македонија“.

Тука се наведува дека Заев „удрил параф“ на предлогот на ДУИ за употребата на јазиците, односно се нагласува дека прифатил двојазичност.

Но, такво нешто нема во изворната информација објавена на „Телевизија 24“.

„Но од ДУИ не сакаат да прецизираат што сè има во пакетот освен предлог закон за алабанскиот јазик кој го потврдуваат и дали пакетот го содржи се она што од ДУИ го побараа. Од СДСМ, пак, само кусо велат дека документот е еден“, пишува „Телевизија 24“.

Значи, документот што Заев му го испратил на Ахмети содржи предлог-закон за употреба на албанскиот јазик, но тоа автоматски не значи дека целосно го прифатил предлогот на Ахмети. Имено, во случај кога нема конкретни информации и податоци, не може ништо со сигурност да се тврди.

Целта на овој напис е очигледна. Да се нападне Заев за нешто за што нема црвсти аргументи и докази и тој да се деградира како политички лидер.

Во новинарството е незамисливо и недозволиво вестите да се толкуваат самоволно, а уште пострашно е кога се измислуваат информации.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести