verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нафрлени податоци без ниту еден извор

on 15 - 02 - 2017       

netpress

[Рецензија: Квалитетно високо образование достапно за сите]

Освен мислењата, коментарите, уредничките белешки, објавени во соодветни рубрики, ниту една друга новинарска форма не може да се прави без извори. Тоа е во основата на новинарството. Зборот „медиум“, всушност, тоа значи: посредувач, пренесувач. Новинарите се вешти, оспособени професналци кои знаат да идентификуваат, да изберат, да им дадат збор на најдобрите, најовластените, најстручните… иматели на информации, сведоци на настани, кои низ новинарската методологија и низ медиумските форми, ќе му пренесат на корисникот на нивните услуги веродостојна, објективизирана, непристрасна информација.

Ако нема извор, медиумската содржина ги губи сите овие атрибути: веродостојна, објективизирана, непристрасна информација.

Тоа му се има случено на овој текст. Тој не е професионално новинарски одработена информација бидејки нема извори. Како може да се пишува текст, анализа, за квалитетот и за достапноста на високото образование, а да не се повикате на ниту еден извор?! Дури поразбирливо ќе беше текстот да се повикуваше на Министерството за образование и наука и на нивната самоевалуација. Така текстот ќе беше пристрасен, неизбалансиран, а вака е неверодостоен.  

02132017-Netpress-ObrazovanЛинк до оригиналниот напис: Квалитетно високо образование достапно за сите

Датум и време на објавување: 13.02.2017, 09:31

Датум на рецензирање: 14.02.2017

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

НОВИНАРСКИТЕ СТОРИИ МОРА ДА ИМААТ ИЗВОР

За волја на вистината, текстот што го рецензираме личи како да е извадок или колаж од некаков документ на Министерството за образование, бидејки има некакви податоци. Но, токму поради тоа што не знаеме од каде се тие податоци, тој е нерелевантен. Не може да се објави податок, а да нема извор за него.

Само за да ја поткрепиме нашата оценка дека е неверодостоен, ќе наведеме најмалку два извора кои упатуваат на сериозна аргументација за квалитетот на високото образование, па дури и за достапноста која овде толку гласно, а без поддршка, се афирмира.

Првиот документ е Стратегијата за млади 2016-2025 година на Агенцијата за млади и спорт, изваден од архивата на Владата на Република Македонија. Од препораките за стратегијата многу јасно се извлекува сознание дека квалитетот на високото образование не ги постигнало очекуваните резултати. Најмалку.

Вториот документ, „Ohrid Framework Agreement – Review on Social Cohesion“, во делот на високото образование, особено од аспект на достапноста, укажува дека, освен за двете најголеми заедници во Македонија, македонската и албанската, останува уште многу да се работи на пристапот на членовите на другите заедници до високото образование.

Ова се само два документа. Доколку дозволуваше времето, бездруго ќе најдевме уште. Но, кога новинар работи на ваква тема, која, патем, не е поврзана со некаква урегнција за да се оправда дека се немало време да се најде извор, нема оправдувања.

Да заклучиме: Новинарските стории мора да имаат извор. Дури и тогаш треба да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни, за да се добие веродостоен новинарски текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести