verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација скриена зад наводни дипломатски извори

on 15 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

centarnews

[Рецензија: ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО-ДПМНЕ?!]

 

Написот пренесува соопштение за посетата на австрискиот министер за надворешни работи, но потоа ги коментира наведените информации и изнесува дополнителни непотврдени податоци, повикувајќи се на неименувани извори.

ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО ДПМНЕЛинк до оригиналниот напис: ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО-ДПМНЕ?!

Датум и време на објавување: 09.02. 2017

Датум на рецензирање: 12.02.2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИ НАСЛОВ

Самиот наслов е коментаторски и сензационалистички, особено со интерпункцијата која се користи. Со него не се дава конкретен одговор, само се наведува читателот да ја кликне веста, која, наводно, треба да понуди конкретен одговор.

Главата на веста пренесува дел од официјалното соопштение (најверојатно од МНР, но во текстот тоа не се прецизира) за посетата на шефот на австриската дипломатија:

„Себастијан Курц – министер за надворешни работи на Австрија и претседавач со ОБСЕ, официјално, според најавата, во недела доаѓа во Скопје на средба со министерот Поповски за да ја посети македонско-грчката граница која е каналот за наплив на бегалци од Сирија во западните земји.

Тоа е официјалната најава за посетата на Курц кој е добар пријател со функционерите од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и тој и тие припаѓаат на сестрински партии“.

И, во овој дел од текстот нема ништо спорно. Но, вториот дел на веста е коментарторски и без целосно потврдени информации. Имено, веста се навраќа на последната посета на Курц и на реакциите што ги предизвика посетата, а потоа се надоврзува со наводни информации од неименувани дипломатски извори. Честопати фразата „дипломатски извори“ се користи за прикривање коментари и лични ставови и претпоставки, особено зашто дипломатските извори не се ниту лоцирани. Нејасно е, на пример, дали станува збор за дипломатски извори од Македонија, од Европска Унија, од Австрија, од ЕПП. Токму затоа постои и сомнеж за веродостојноста на информацијата.

„Овој пат, според дипломатски извори, Курц покрај посетата на границата во Скопје доаѓал со порака лично до Груевски од име на европските десни партии – народњаците во кои е и ВМРО-ДПМНЕ“.

 

ПОЛИТИЧКА ОБОЕНОСТ

Исто така, во самиот напис се забележува доза на обоеност и пристрасност, особено преку употребата на терминот „народњаците“, кој се однесува на европските народни партии, а тука има некаков подбивен призвук.

Последниот пасус – реченица повеќе, наликува на спинерски коментар кој треба да создаде впечаток на наводна директна вмешаност на странските дипломати во решавањето на политичката криза.

Во написот може да се забележи кршење на некои од професионалните стандарди и членови на Кодексот на новинарите, кој наложува: проверување на информациите, назначување на изворите или во случај да бараат анонимност, нивно соодветно лоцирање, потоа да се прави разлика меѓу вест и коментар, како и непристрасност при информирањето, особено при известување за политички процеси.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести