verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Судски инцидент (зло)употребен за политичко-партиска пресметка

on 15 - 02 - 2017       

kurir.mk_makedonija_vesti_n

[Рецензија: Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение]

 

Веќе видено: судски случај искористен за политички цели. Нетрпеливост, дали лична дали професионална, меѓу двајца вработени во Основниот суд Скопје 1, која, според обвинението, кулминарала со физички закани, е злоупотребена за на целиот настан да му се даде партиски предзнак. Нормално, „минусот“ е за опозицијата, зашто, како што се тврди, насилникот бил на СДСМ!

  1111Линк до оригиналниот напис: Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение

Датум и време на објавување: 14.02.2017,  09:58

 Датум на рецензирање: 14.02.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ДАЛИ НЕКОМУ НА ЧЕЛО МУ ПИШУВА ЗА КОЈА ПАРТИЈА Е?!

Зошто еден навистина непријатен инцидент на работно место веднаш се спинува во политичка приказна? Новинарска причина нема, ама партиска има. Обвинетиот за настанот веднаш се квалификува како сдсмовец.

„Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение“

А како тоа е утврдена партиската припадност на човекот? Му пишува ли на чело? Не. Искористени се фотографии, со фамозните црвени кругови, од наведената личност на протестите во Скопје на кои учествуваа и претставници на опозицијата. Сега, прашањето е дали тоа е доволен, а и веродостоен доказ за некому медиумски веднаш да му се „залепи“ епитет дека е член на СДСМ. Апсолутно не. Тоа можеби би држело во некаков муабет пред маалска продавница, но не и во текст што прво треба да ги утврди фактите, па потоа да објави. Тоа е исто како да кажете дека 436.000 гласови дадени за опозицијата на последните избори значат дека сите тие, баш до еден, се сдсмовци.

Оттука, јасно е дека во написот станува збор за партиска пресметка што се води преку медиумски средства. Но, интересниот дел допрва следува зашто на површина излегува зошто токму овој човек вработен во скопска единица е толку интересен за ваквата опсервација.

„Истиот Стаменковски, во јавноста се обидува да глуми и жртва на мобинг. Со неоснованата пријава против екс претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, Стаменковски практично го продолжи долготрајниот обид на СДСМ да се пресмета со Панчевски затоа што тој постапува по закон, а не по желбите на Зоран Заев и СДСМ“.

 

 

НАПАД ПРОТИВ СТАМЕНКОВСКИ Е И ОДБРАНА ЗА ПАНЧЕВСКИ

И сега се открива приказната. Човекот, кој според обвинението, е одговорен за инцидентот, всушност, имал „незавршена“ работа со Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 – институцијата во која се водат главните и најголеми кривични предмети, вклучувајќи ги и тие што ги процесира Специјалното јавно обвинителство. Затоа, не е тешко да се собере еден плус еден и да се види дека текстот не само што е напад врз човек што се одметнал од Панчевски, туку е и своевидна одбрана на Панчевски преку употребената формулација „да се пресмета со Панчевски затоа што тој постапува по закон“.

Последново е во најмала рака тврдење-коментар и е претенциозно, имајќи ја предвид ситуацијата во судството, а и во најголемиот суд во земјава. Прво, врз основа на што се темели таквата формулација – извори, извештаи….? Второ, релевантни организации имаат перцепција дека:

„Немаше напредок во обезбедување функционална независност на судскиот систем. Продолжија известувањата за селективна правда во одредени високопрофилирани или политички чувствителни судски случаи“. (Извештај на Европската комисија за РМ, 2016)

Конечно, легитимна информација е да се објави дека инцидентот во скопска единица меѓу двајца вработени ќе има судска разврска, но без партиското етикетирање и неаргументираното бранење на експретседателот на Основниот суд Скопје 1, кој има сериозни амбиции повторно да се врати во атрактивната судска фотелја.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести