verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Кога навредите се најсилниот аргумент

на 30. 09. 2016 | |

[Рецензија: ЌЕ ИМА ЖЕШКА ЕСЕН: „Чадорот“ ги активираше корисните идиоти – започнува второ полувреме!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, всушност, е едно четиво полно со навреди и со недолични зборови кое има цел да ги омаловажи специјалната обвинителка Катица Јанева и други личности, критичари на власта, кои тука се претставуваат како дел од некакво „подземје“. Написот прави обид сите тие да ги поврзе со опозицискиот СДСМ и на тој начин да ја диксредитира оваа партија. Линк до оригиналниот напис: ЌЕ ИМА ЖЕШКА ЕСЕН: „Чадорот“ ги активираше корисните идиоти – започнува второ полувреме! Датум и време на објавување: 29.09.2016 Датум на рецензирање: 30.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОЦРНУВАЊЕ

„Започна есенското продолжение на сценариото на „Чадорот“ кој ги активираше

Ајварот контра сендвичите!

на 27. 09. 2016 | | sq

[Рецензија:  СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание!]

  Ова е еден тенденциозен и политички мотивиран текст кој има цел да ја дискредитира „Шарената револуција“ и нејзиниот организиран собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Во написот нема извори, ниту факти со кои би се поткрепиле бројните коментари содржани во него. Линк на оригиналниот напис: СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание! Датум и време на објавување: 26.09.2016 Датум на рецензирање: 27.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПЛАТЕНИЦИ СО КРИШКИ АЈВАР!

Текстот уште на самиот почеток содржи тврдења кои не се поткрепени со

МРТ со нова уредничка, но стариот тим повторно во служба на власта за политичка пресметка

на 22. 09. 2016 | |
МРТ – стандардно наопаку. Фото: колаж   Сиров материјал од интервјуто на јавниот сервис со специјалната обвинителка Катица Јанева беше објавен деновиве во провладините портали, што предизвика огромен скандал и реакција кај дел од новинарската фела. Ваквата снимка, сметаат многумина, беше намерно пуштена во јавност, со цел, да се оцрни Јанева, но и да се удри по новата уредничка на МРТ, претставувајќи ја како непрофесионална и некадарна за функцијата  

Јанева не смее ни апче да се напие!

на 22. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена?]

  Ова е еден срамен текст, надвор од сите норми и правила, кој во никој случај не може да се нарече новинарски. Текстот има цел да ја навреди специјалната обвинителка Катица Јанева, да ја претстави како психички нестабилна личност, доведувајќи ја на тој начин во прашање нејзината способност да си ја врши функцијата за која е избрана. Линк на оригиналниот напис: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена? Датум и време на објавување: 21.09.2016 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А  МОЖЕ

Текст кој „плаче“ за кривична пријава

на 21. 09. 2016 | |

[Рецензија: Ексклузивно – ВМРО ДПМНЕ ќе ги одлага изборите и ќе ја дестабилизира Македонија]

  Овој текст содржи еден куп сериозни обвинувања на сметка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на еден и единствен анонимен извор. Обвинувањата се во насока на тоа дека луѓе од партијата во иднина се подготвени да сторат сериозни кривични дела. Ваквите информации не се проверени ниту потврдени од друг извор, што е спротивно на новинарските правила. Линк на оригиналниот напис: Ексклузивно – ВМРО ДПМНЕ ќе ги одлага изборите и ќе ја дестабилизира Македонија Датум и време на објавување: 19.09.2016 Датум на рецензирање: 20.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА, ГРАЃАНСКА ВОЈНА…“

Уште со самиот наслов на текстот се шири паника во јавноста, дека владејачката партија ќе

Јупитер бил виновен за земјотресите

на 19. 09. 2016 | | sq

Новинарскиот производ што е предмет на оваа рецензија, всушност, е фото-вест од статус на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишан од непознат профил. Статусот се однесува на наводна причина за земјотресите во Скопје, актуелна и жешка тема, која ги растресе скопјани. Линкуван до оригиналниот напис: Kонечно стигна логично објаснување за земјотресите Датум и време на објавување: 13.09.2016 Датум на рецензирање: 17.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Веста содржи објаснување за тоа зошто во Скопје имало земјотреси, повикувајќи се на некакви астролошки знаци и појави. Прво, она што е нејасно е изворот на информацијата, односно кој го пишува и го тврди тоа. Понатаму, нејасно е како може медиум да си дозволи да промовира астролошки предвидувања како факти за појава на природни непогоди. Каква врска има

ТВ-дневник: Медиумска хајка против опозицискиот лидер и барање втора страна, колку да се рече

на 18. 09. 2016 | |
Удри по лидерот на опозицијата и не барај коментар, извести за нешто друго и тогаш барај мислење на опозицијата. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 17.30 часот на 16 септември 2016 година]

 

Овој ТВ-дневник ги опфати актуелните дневни настани, беше полн со информации, во голем дел со професионални прилози. Сепак, она што бодеше очи беше пропагандната хајка против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и рекламните

ВМРО-ДПМНЕ може да се шегува, СДСМ не може…

на 14. 09. 2016 | | sq
 

[ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИМАЛ ПОТРЕС НА МОЗОК: Додуша, имал потрес ама не на мозокот, бидејќи главната состојка недостига!]

    Текстот кој е предмет на оваа рецензија од мравка прави слон. Имено, написот е тенденциозен и без никакви основи си дозволува да атакува личности од опозицијата, претставувајќи ги како некакви монструми.   Линк до оригиналниот напис: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИМАЛ ПОТРЕС НА МОЗОК: Додуша, имал потрес ама не на мозокот, бидејќи главната состојка недостига! Датум и време на објавување: 11.09.2016 Датум на рецензирање: 14.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   НАВРЕДИ УШТЕ ВО НАСЛОВОТ Самиот наслов на написот содржи навредливи зборови за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Ваквиот наслов воопшто не е креативен, но е сензационален и во голема мера тенденциозен, односно има

Текст без никакви информации

на 9. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е нецелосен, односно му недостигаат повеќе информации за читателот да има јасна претстава за настанот што се опишува. Линкуван наслов на анализираниот напис: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт Датум и време на објавување: 08.09.2016 Датум на рецензирање: 09.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Она што на прв поглед е нејасно е каде се одвива дејството на настанот. Единствено што може да послужи како некоја ориентација е тоа што текстот е ставен во рубрика „Регион“. Значи, не станува збор за настан во Македонија. Но,

Пукање во празно

на 9. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: Партизација наместо светска акредитација: Жерновски подготвува „партиско уништување“ на ОУ “Кирил и Методиј“?]

  Ова е еден нецелосен и едностран текст, кој во себе не содржи никакви извори, ниту изјави од засегнати страни. Написот единствено содржи обвинувања упатени на сметка на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Но, таквите обвинувања не се поткрепени со ништо, поради што се доведува во прашање нивната веродостојност. Линкуван наслов на анализираниот напис: Партизација наместо светска акредитација: Жерновски подготвува „партиско уништување“ на ОУ “Кирил и Методиј“? Датум и време на објавување: 30.08.2016 Датум на рецензирање: 08.09.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот може да се препознае интенцијата на овој новинарски прозивод, а тоа е да се обвини првиот

Претплатете се за најнови вести