verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јанева не смее ни апче да се напие!

on 22 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

sdret

[Рецензија: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена?]

 

Ова е еден срамен текст, надвор од сите норми и правила, кој во никој случај не може да се нарече новинарски. Текстот има цел да ја навреди специјалната обвинителка Катица Јанева, да ја претстави како психички нестабилна личност, доведувајќи ја на тој начин во прашање нејзината способност да си ја врши функцијата за која е избрана.

14455817_10207485216664916_2040011785_oЛинк на оригиналниот напис: (Видео)КАТИЦА ЈАНЕВА НА АПЧИЊА ВО СОБРАНИЕ: Дали Катица Јанева има деловна способност да ја врши функцијата која што и е доверена?

Датум и време на објавување: 21.09.2016

Датум на рецензирање: 22.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А  МОЖЕ ЛИ ЈАНЕВА ДА ПИЕ ВИТАМИНИ?!

Интенцијата на написот се гледа уште во насловот. Да се манипулира јавноста и да се создаде погрешна слика кај читателот, за да се урне личноста на специјалната обвинителка, доведувајќи ја во прашање нејзината деловна способност.

Со други зборови, написот има цел да ја претстави Јанава како растроена личност која пие апчиња и која не е при здрава свест во вршењето на функцијата.

Но, каде се фактите за ваквите тврдења? Фактот во овој текст е една фотографија направена во парламентот за време на нејзиното излагање пред пратениците околу извештајот за шестмесечната работа на СЈО.

На фотографијата се гледа како Јанева пие апче, но нејасно е за какво апче станува збор. Можеби е витамин, можеби е антибиотик, можеби е парацетамол, може да биде сè! Во написот нема одговор на ова прашање ниту, пак, е побаран одговор од специјалната обвинителка.

„Очигледно е дека има проблеми со интелектуалниот капацитет, со вниманието кое и е нарушено и со краткотрајната меморија. Кога на ваквата симптоматологија ке се надодаде и неконтролираното смеење и лажењето, како и патолошката потреба за луксузен живот и вештачката големина од која пати, стануа јасно дека Катица Јанева се соочува со психички проблеми“.

Ете, тука имаме дијагноза, но не од лекар, туку дијагноза поставена врз сопствено видување, што е недозволиво за еден новинарски производ.

Очигледна е намерата на овој напис, а тоа е да се дискредитира обвинителката Јанева и таа да се прикаже во поинакво светло за да се отфрли нејзината работа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести