verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неосновани обвинувања за директорката на УЈП

on 22 - 09 - 2016       

fireshot-capture-47-anastasija-ilieska-png-1263x3038_-http___proverkanafakti-mk_wp-conte
Текстот што е предмет на рецензија изнесува низа обвинувања против директорката на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска, за кои нема никакви докази. Се пишуваат лични навреди, но и низа непотврдени информации за нејзината компетентност како директор на оваа институција. Од насловот на текстот не може да се утврди која е Анастасија Илиеска, зашто не сите граѓани се информирани кој е прв човек на УЈП, а уште помалку зошто таа „ја растура оваа институција“. Напишан во еден „разговорлив“ стил, без докази и аргументи, текстот останува во сферата на шпекулации и „рекла-кажала“ муабети.

anastasija-ilieska
Линк до оригиналниот наслов:  Анастасија Илиеска го растура УЈП

Датум и време на објавување: 20.09.2016

Датум на рецензија: 22.09.2016

Рецензент: Силвана Жежова

На почетокот на текстот воопшто не е јасно кој, всушност, добива жалби од вработените дека новата директорка, наводно, била „тапа кадар“. Нема докази за ова тврдење. Исто така, се спомнува и градот каде што била родена, што нема апсолутно никаква врска со нејзината квалификуваност за директорска позиција. Воедно, не се изнесени факти што ќе потврдат дека Илиеска деградирала вработени, а нема ниту изјави од нив. Овде се споменува и Есмеров, за кого нема никакво објаснување дека станува збор за Петар Есмеров, кој беше претходник на Илиеска.

„Добивам жалби од вработени во УЈП дека новата директорка таму после Есмеров Анастасија Илиеска родум од Прилеп била тапа, ама баш тапа кадар. Поделила над 200 решенија во која симнала подолу инспектори со долгогодишен стаж, а петмина до најниско ниво. Ама зашто?“

Понатаму во текстот се изнесува „образложение“ зошто Илиеска, наводно, ги деградирала инспекторите, но повторно не се нудат никакви докази за „незаконското работење“ на нејзиното кафуле, чијашто контрола, наводно, ја вршеле деградираните инспектори. Нема докази ниту за тоа дека таа навистина поседува кафуле. Илиеска е обвинета и дека во институцијата во која работи ѝ недостига и материјал за работа, за што повторно нема никакви докази.

„Е сега Доказ ќе ви објасни тие инспектори ја контролирале порано оти Анастасија како дел од прилепската владејачка фамилија си има кафиќ ЛЕОНЕ во кој работи НЕЗАКОНСКИ и после повеќе претставки имала и контроли дур не била дел од УЈП е па сега враќа се одмаздува на колегите…Покрај тоа што казнувала инспектори добивме жалби дека немале ниту хартија и основен материјал за работа, автомобилите на УЈП не биле носени на редовен технички сервис и куп други работи…“

Во текстот што е предмет на рецензија не може да се утврди вистинитоста на тврдењата, ниту има извори на информации. Не е опфатено ниту минамално ниво на содржајност, а текстот е едностран и коментаторски. Единствена цел е да се деградира работата на првиот човек на УЈП, без да се понудат никакви докази за изнесените тврдења.

Најважниот принцип во новинарството е да се пишува вистинито. Тоа не може да се постигне ако на јавноста не ѝ се предочат проверени информации. Овој принцип тука е погазен од аспект што ниту една информација не е проверена, туку е оставена да виси како шпекулација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести