verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Социјалните мрежи не се сопственост на работодавците

на 31. 08. 2016 | | en
Уставот, законите и договорите за вработување. Фото: Pixabay/Wikipedia  

„Медиа принт Македонија“ (МПМ) на вработените во весниците што ги поседува, им поделила нови договори за работа, со кои не се дозволува изнесување политички ставови на интернет, односно на социјалните мрежи, за новинарите јавно да не искажуваат симпатии кон некоја политичка партија

  Пишува: Ана Анастасовска   Ваквата вест ни ја потврдија вработени во весниците, а, пак, вработени во порталот „Телеграф“

Како смеел Иванов да ја критикува Владата?!

на 26. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски и би можел да се најде во рубриката за коментари, а не во рубрика за вести. Тој е политички мотивиран и има цел да го дискредитира претседателот Ѓорѓе Иванов, само поради тоа што во неговиот говор по повод Денот на Армијата упатил критики кон државните институции за тоа како се справиле со проблемите во поплавените подрачја во Скопско. Линк на оригиналниот напис: Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен Датум и време 

Новинарот треба да информира, а не да глуми адвокат

на 22. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор]

  Овој  едностран и тенденциозен текст има цел да го обели образот на битолскиот градоначалник Владимир Талевски, против кого Специјалното јавно обвинителство има поведено предмет за бесплатниот школски превоз во општината со која раководи. Линк на оригиналниот  напис: СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор Датум и време на објавување: 18.08.2016 Датум на рецензирање: 19.08.2016 Рецензент: Ана Анастасовска

 

А КАДЕ Е СТАВОТ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ

Ваквата тенденција на написот се гледа уште на самиот почеток од текстот. „Во Советот на скопска Апелација денес се одржа седница на која се расправаше по жалбата на одбраната на градоначалникот на Битола Владимир Талески да му биде укинат домашниот притвор.

Извртени вести и нецелосни информации за жителите засегнати од поплавата

на 21. 08. 2016 | | sq
Извртено, половично, бајато, пропагандистички. Фото: скриншот  

Малку популизам, малку обвинувања на сметка на опозицијата, Груевски во главен кадар и една бајата вест. Составен дел на вестите беа и најновите случувања во поплавените делови на Скопје, но тие беа нецелосни

 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 17.30 часот на 20.08.2016 година]

  Пишува: Ана Анастасовска   ТВ-дневникот почна со веста дека Министерството за финансии отворило телефонски линии за

Вест изгубена во регионот

на 19. 08. 2016 | | sq
   

[Реценција: ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва]

  На текстот што е предмет на оваа рецензија му недостигаат географски одредници и извори, односно информации за тоа каде се одвивал настанот и од каде се преземени информациите. Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва Датум и време на објавување: 13.08.2016 Датум на рецензирање: 18.08.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕДОСТИГААТ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА И ИЗВОРИ

Оваа вест е ставена во категоријата „Регион“, иако читајќи го насловот и написот не може да се добие таков впечаток. Насловот: „Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва“,

Презумција на невиност, што беше тоа?

на 16. 08. 2016 | |

[Рецензии: Бичиклиски има кривична и е осомничен за измама, но не се јавува на поканите на обвинителството]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е спорен во поглед на две работи. Прво, повреден е Законот за заштита на личните податоци и, второ, не е испочитувано правото на презумција на невиност. Написот е политички мотивиран и сугерира дека функционер на владејачката партија е кривично обвинет. Линк на оригиналниот напис: Бичиклиски има кривична и е осомничен за измама, но не се јавува на поканите на обвинителството Датум и време на објавување: 11.08.2016 Датум на рецензирање: 16.08.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОТКРИЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во текстот е објавена наредба од судот за кривична пријава, без притоа да се заштитат личните податоци на

А какви се мајките, дебели и „несекси“?!

на 30. 07. 2016 | |

[Рецензија: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО)]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија има бомбастичен наслов, а истиот, всушност, е бомбастична ступидност. Имено, написот е дискриминирачки и поставува некакви стереотипи за тоа како изгледаат жените што родиле деца. Линк на оригиналниот напис: СЕКСИ КИАРА: Дали ќе рече некој дека таа е мајка? (ФОТО) Датум и време на објавување: 27.07.2016 Датум на рецензирање: 29.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

СТЕРЕОТИПИ

„Секси Киара, дали ќе рече некој дека таа е мајка?“ Што треба да значи ваквиот наслов? Дека сексапилноста не соодветствува со мајките? Многу конфузно и нејасно. „Светски познатат пејачка Киара е една од најубавите жени на планетава. Таа има линија која ја посакува секоја жена.

Речник и комуникација под секое ниво

на 29. 07. 2016 | |

 [Рецензија: Грујовата пудлица го попуши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е недоличен и користи навредлив речник, кој се граничи со примитивизам, што е спротивно на професионалните новинарски и етички норми. Линк на оригиналниот напис: Грујовата пудлица го по..ши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД  Датум и време на објавување: 23.07.2016 Датум на рецензирање: 28.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАВРЕДЛИВ ГОВОР НА ГРАНИЦА НА ПРИМИТИВИЗАМ

Она што е најспорно во овој текст е насловот и првиот пасус. Имено, тие содржат навреди и недолични зборови, кои не доликуваат за еден новинарски напис. „Грујовата пудлица го по..ши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД“

Шпекулација од почеток до крај

на 26. 07. 2016 | |

[Рецензија: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!]

    Овој текст е шпекулација од почеток  до крај. Во него како извор се користи наводен разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“, но таквиот извор е неверодостоен. Написот е политички пропаганден и има цел да ја нападне заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Линк на оригиналниот напис: ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп! Датум и време на објавување: 21.07.2016 Датум на рецензирање: 26.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ШПЕКУЛАЦИИ, КОМЕНТАРИ, КВАЛИФИКАЦИИ

Уште на самиот почеток од тексот имаме коментари и квалификации, како и шпекулации. „По катастрофалниот договор кој го „издејствува“ Шеќеринска за СДСМ, тензиите помеѓу членството постојано

Многу шпекулации за ширење пропаганда

на 22. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ: СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултати?]

    Ова е еден шпекулативен и спинерски текст, за кој од авион се гледа дека е политички мотивиран, бидејќи во многу делови наликува на партиско соопштение.     Линк до оригиналниот напис: СО ОДБИВАЊЕТО МИНИСТРИТЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ: СДСМ подготвува терен за непризнавање на изборните резултати? Датум и време на објавување: 20.07.2016, 10.14 Датум на рецензирање: 22.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   ПОЧЕТОК СО СПИН Спинот е содржан уште во самиот наслов на текстот, односно најавена е тезата во која се убедува читателот подолу во текстот. А тоа е дека опозицискиот СДСМ се подготвува за непризнавање на изборните резултати. „Така беше и вчера

Претплатете се за најнови вести