verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст без никакви информации

on 9 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kamerite-go-snimile-momentot-koga-malata-jana-ja-fati-za-raka-zhenata-koja-ja-odnese-vo-smrt-reporter-cover

 

[Рецензија: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е нецелосен, односно му недостигаат повеќе информации за читателот да има јасна претстава за настанот што се опишува.

kamerite-go-snimile-momentot-koga-malata-jana-ja-fati-za-raka-zhenata-koja-ja-odnese-vo-smrt-reporter-mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт

Датум и време на објавување: 08.09.2016

Датум на рецензирање: 09.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

Она што на прв поглед е нејасно е каде се одвива дејството на настанот. Единствено што може да послужи како некоја ориентација е тоа што текстот е ставен во рубрика „Регион“. Значи, не станува збор за настан во Македонија. Но, останува прашањето каде се случило тоа.

„Малата Јана остана без надзор од својата тетка на само неколку минути. А, тоа беше доволно за нејзиниот живот да заврши. Имено, надлежните ја објавија оваа фотографија на која се гледа како ова девојче ја држи оваа личност за рака која сега е обвинета дека ја киднапирала, удавила и го фрлила нејзиното тело“.

Написот очигледно зборува за убиство на некое девојче по име Јана. Но, нејасно е кога се случило убиството, каде, од каде е преземен текстот. Нема извори, нема ништо. Надлежните објавиле фотографија. Кои се тие надлежни? Нема ништо објаснето.

Текстот личи на прераскажана приказна, односно како некој да слушнал нешто за некое убиство и го прераскажал. Овој напис не може да се нарече новинарски, бидејќи ги нема основните елементи на еден новинарски производ. Нема локација, нема извори и информацијата е неверодостојна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести