verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога навредите се најсилниот аргумент

on 30 - 09 - 2016       

zurnal

[Рецензија: ЌЕ ИМА ЖЕШКА ЕСЕН: „Чадорот“ ги активираше корисните идиоти – започнува второ полувреме!]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија, всушност, е едно четиво полно со навреди и со недолични зборови кое има цел да ги омаловажи специјалната обвинителка Катица Јанева и други личности, критичари на власта, кои тука се претставуваат како дел од некакво „подземје“. Написот прави обид сите тие да ги поврзе со опозицискиот СДСМ и на тој начин да ја диксредитира оваа партија.

kje-ima-zheshka-esen-chadorot-gi-aktivirashe-korisnite-idioti-zapochnuva-vtoro-poluvreme-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: ЌЕ ИМА ЖЕШКА ЕСЕН: „Чадорот“ ги активираше корисните идиоти – започнува второ полувреме!

Датум и време на објавување: 29.09.2016

Датум на рецензирање: 30.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ОЦРНУВАЊЕ

„Започна есенското продолжение на сценариото на „Чадорот“ кој ги активираше сите корисни идиоти, почнувајќи од Катица Јанева, Заев, криминалното подземје под контрола на СДСМ, „шарените“, како и Косовската врска преку која се финансира кампањата на СДСМ“.

Самиот почеток на текстот е дел од политичката пропаганда што во последниот период ја спроведуваат медиумите наклонети на владејачката партија, дека опозицијата по наредба на „Чадорот“, кој е синоним за странските амбасадори, работи на уривање на власта. Тука се користат навредливи зборови од типот „идиоти“ и тоа, пред сè, за Катица Јанева и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, што воопшто не доликува за еден професионален новинарски текст. Во тој контекст се спомнува и „криминално подземје“ на СДСМ, кое се поврзува со „Шарената револуција“ и со некакви косовски врски, кои, наводно, ја финансирале кампањата на СДСМ. Докази за тоа нема, но има коментари.

Целта се гледа уште на самиот почеток. Да се дискредитира опозицијата на секој можен начин и да се оцрни Специјалното јавно обвинителство, за да му се претстави на читателот дека тоа работи по политички диктат на СДСМ.

„Додека Катица Јанева станува се поприсутна во јавноста со нејзините патетично-трагикомични испади, се активираше и Чаушот кој заедно со Ване Цветанов (екс-директор на агенцијата за финансиско разузнување  и осуденик), Заев и свитата околу него започнаа да го активираат крминалното подземје под контрола на СДСМ, но и она од т.н. „косовска врска“ на Заев“.

 

НАВРЕДИ

Навредите продолжуваат и понатаму. Во овој дел од текстот се посочуваат и конкретни имиња кои се поврзуваат со „подземјето“ и со „косовските врски“. Сепак, написот и понатаму не нуди никакви аргументи за ваквите тврдења, туку само индивидуални видувања кои на јавноста  ѝ  се пренесуваат како факти.

„Активиран е и следбеникот на вахабистичката идеологија на екстремниот ислам, спонзорираниот од Саудиска Арабија, некогашен новинар, а сегашен висок функционер во СДСМ Мухамед Зекири, кој освен како човек за брифирање на т.н. „Косовска врска“ на СДСМ, е задлжен и предвреме да ги најавува предметите кои Катица Јанева планира да ги подигнува“.

Се удира и по Мухамед Зекири, поранешен новинар и сегашен член на СДСМ, кој, пак, се поврзува со вахабистите. Докази – повторно нема.

„Одново започна и објавувањето на нелегално стекнатите прислушкувани материјали, за кои Катица тврди дека се безбедни, но според последните информации кои ги добивме од истрагата во случајот „Шпион“, всушност околу 70.000 разговори кои беа пронајдени во компјутерот на Чаушот биле продадени на офицер од Косовските безбедносни сили, и екс-командант во УЧК Кадри Кастрати, кој пак платил голема сума на пари од кои Заев ја финансира СДСМ“.

На крај, како шлаг на тортата, се покажува со прст кон Заев како виновник за новите „бомби“ кои се појавија на социјалната мрежа „Фејсбук“. Иако за тоа нема официјални информации, а МВР најави истрага, сепак написот го нуди тоа како непобитен факт.

Целиот текст е чиста пропаганда и ништо повеќе. Во него има сè и сешто, од косовски врски, до подземја и вахабисти, чадори и до УЧК. И сето тоа се поврзува со Заев! Како Заев да е лидер на „Коза ностра“, а не на опозициска партија која, како и секоја друга партија во опозиција, ја критикува владејачката партија и се обидува да дојде на незјино место.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести