verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст без новинарска диоптрија

on 30 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dvojnite-arshini-na-zaev-ja-demaskiraa_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_d

[Рецензија: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите]

 

Едно од најголемите прекршувања во известувањето за изборните процеси е непочитување на основните стандарди за објективно, непристрасно и точно информирање. Токму вакво, нагласено тенденциозно известување имаме во текстот што е предмет на рецензија. Во непотпишаниот напис во форма на коментар-анализа, нема аргументи што би ја докажале вистинитоста на она што се тврди, а „изјавите“ на експертите на кои се повикува ги нема никаде во текстот.

dvojnite-arshini-na-zaev-ja-demaskiraa_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_dЛинк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите

Датум и време на објавување: 27.09.2016, 18:12

Датум на рецензирање: 29.09.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

„КОМПЕТЕНТЕН СУДИЈА“

Очигледна е тенденцијата да се засилат дискредитацијата, дисквалификациите и навредите кон СЈО, кои во слична, поблага или посилна форма се појавуваат и во други написи пласирани во медиумите наклонети на владејачката партија.

„Катица Јанева ќе испорачува празни политички конструкции кои ќе ги нарекува предмети, во секој од нив ќе бара изрекување на одредени мерки против лицата кои од СДСМ ги означиле како таргети, односно политички противници, а правната непоткрепеност на овие политички конструкции ќе биде повод за платениците на СДСМ/Сорос да вршат притисоци врз судот и да провоцираат инциденти кои би му овозможиле на Заев да избега од избори“.

Написот се става во улога на „компетентен судија“ кој ја оценува работата и професионалностa на СЈО и на обвинителката Катица Јанева и без докази да ги етикетира учесниците на протестите  како платеници.

„Разоткривањето на непрофесионалното, пристрасноста и политизираноста на СЈО, кое се случува пред очите на целокупната јавност, очекувано резултира со засилен притисок од страна на СДСМ врз Катица Јанева таа да почне да испорачува резултати какви што Зоран Заев бараше од неа усте од почетокот“.

 

НАГЛАСЕНА НЕОБЈЕКТИВНОСТ

Текстот е полн со екстремно некритички, нагласено неаргументирани и напаѓачки конструкции кон еден политичар. Тој е пишуван без новинарска диоптрија и наликува на партиска објава.

„Целта на Заев и СДСМ е да се влезе во што е можно поцрна кампања каде граѓаните би биле пасивизирани, односно веќе не би можеле да дојдат до израз конструктивните политики и програмите со проекти кои се најсилното оружје на ВМРО ДПМНЕ“.

Изјавата на лидерот на опозицијата за употреба на албанскиот јазик, текстот ја става во контекст на негова дискередитација, а потоа, без да посочи конкретно истражување, паушално констатира дека Заев го „урнисал слабиот рејтинг на СДСМ“, со што сугестивно влијае на граѓаните, посочувајќи им за кого треба да го дадат својот глас на изборите. Тоа е во спротивност со принципите на етички исправното новинарство, кои сугерираат дека:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (член 14 Кодекс новинарите)
 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести