verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спин затеран уште од насловот

on 30 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

kurir-za-janeva-vo-sojo

[Рецензија: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука]

 

Еден текст мора да биде целосен и точен! Тоа е основно правило на новинарството, кое во овој текст е прекршено. Еве, во што: Кога се зборува за еден човек или кога тој зборува, а не истакнува дека ставот е од името на институцијата во која работи, станува збор за негов личен став. А овој напис ги меша личниот со ставот на една институција.

 

 

sovet-na-obbviniteliЛинк до оригиналниот напис: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука

Датум и време на објавување: 28.09.2016, 15:06

Датум на рецензирање: 30.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

 

Ако се прочита само насловот, се претпоставува дека се работи за некое соопштение или изјава од портпарол, кој го пренел ставот на Советот на јавни обвинители. Но, кога ќе се почне да се чита текстот, се гледа дека не е така, туку дека се работи за изјава на само еден обвинител.

Текстот продолжува во истиот манир од насловот, тврдејќи уште на почетокот:

„Обвинителите пак сметаат дека Јанева е крајно непрофесионална, не си ги извршува своите обврски, не сака да одговара на прашања и не го почитува Советот“.

И тука важи кажаното за насловот. Се добива впечаток како сите обвинители да го мислат тоа, но вистината е поинаква – се работи за изјава на само еден обвинител.

Остатокот од текстот е коректен, пренесени се дел од изјавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на еден од обвинителите.

Како и да е, ова е нецелосен и невистинит текст. Особено насловот. Тоа е огромна грешка за еден текст, затоа што насловот е битен момент од новинарскиот производ. Тој е сублимат на тоа што го пишува во текстот.

Во случајов не изгледа многу веројатно дека станува збор за грешка – повеќе личи дека се работи за намера.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести