verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пукање во празно

on 9 - 09 - 2016       

partizacija-namesto-svetska-akreditacija-zhernovski-podgotvuva-cover

 

[Рецензија: Партизација наместо светска акредитација: Жерновски подготвува „партиско уништување“ на ОУ “Кирил и Методиј“?]

 

Ова е еден нецелосен и едностран текст, кој во себе не содржи никакви извори, ниту изјави од засегнати страни. Написот единствено содржи обвинувања упатени на сметка на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Но, таквите обвинувања не се поткрепени со ништо, поради што се доведува во прашање нивната веродостојност.

partizacija-namesto-svetska-akreditacija-zhernovski-podgotvuva-partisko-unishtuvanje-na-ou-kiril-i-metodij-kurir-mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Партизација наместо светска акредитација: Жерновски подготвува „партиско уништување“ на ОУ “Кирил и Методиј“?

Датум и време на објавување: 30.08.2016

Датум на рецензирање: 08.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот може да се препознае интенцијата на овој новинарски прозивод, а тоа е да се обвини првиот човек на Центар дека сакал да го партизира, а со тоа и да го уништи ОУ „Кирил и Методиј“.

„Едно од најугледните училишта во општина Центар, основното “Св. Кирил и Методиј“ продолжува да биде мета на политичките игри и обиди за брутална партизација од страна на градоначалникот на општината Андреј Жерновски“.

Ова е веста, а кога има вест, професионално е таа да биде убаво поткрепена и проверена од неколку страни. Но, тоа не е случајот во овој новинарски напис.

„Неколкумина наставници ги очекува отказ од работа. Жерновски не планира да им ги продолжи договорите, иако тие, како и сите 50 наставници во училиштето се добро обучени и веќе 3 години по ред ја имплементираат престижната наставна ИБ програма во ова училиште. За нивната обука Министерството за образование и наука инвестираше повеќе од 150 илјади долари, а со одлуката која ја подготвува Жерновски се подготвува „крах“ на оваа програма која нема да може да се одвива без професори со соодветна обука“.

Прво, се обвинува Жерновски дека ќе отпушти неколкумина наставници, обучени за некаква ИБ-програма во ова училиште и второ, дека со тоа се подготвувал крах на таквата програма за која МОН инвестирало 150.000 долари.

Да тргнеме со ред. Во текстот нема изјава од ниту еден наставник кому му се заканува отпуштање од работа, макар да биде тоа и анонимна изјава. Нема изјава од директорот на училиштето, ниту, пак, има став од директно посочениот виновник, Жерновски. Потврда за обвинувањата нема од ниту една страна, што значи дека тие може и да не се веродостојни, односно да се измислени.

Понатаму, се спомнува некаква ИБ-програма која се спроведувала во училиштето, но не е е јасно за каква програма станува збор, ниту, пак, е објаснето што значи кратенката „ИБ“.

„Очигледно е дека за Жерновски реномираната ИБ-програма и не е некој престиж, иако центарското “Кирил и Методиј“, заедно со училиштето “Браќа Миладиновци“ во Аеродром, се единствените две во државата кои во моментов ја имаат привилегијата бесплатно да ја применуваат ИБ програмата, затоа што трошоците во целост ги покрива централната власт. За споредба, во други држави родителите плаќаат солидни суми на пари за нивните деца да учат по оваа програма која ја поттикнува креативноста, го буди критичкиот ум кај учениците и е призната од врвни светски стручњаци во образованието, со децении наназад“.

Зошто оваа програма е реномирана и зошто во други земји родителите плаќале солидни суми за децата да им учат по оваа програма? Кои се тие солидни суми? Ништо во врска со оваа програма не е објаснето ниту, пак, читателот е информиран каде се применува таа.

Ова е еден нецелосен и едностран текст, кој во себе не содржи никакви извори, ниту изјави од засегнати страни. Написот е очигледно политички мотивиран, бидејќи единствено содржи обвинувања упатени на сметка на градоначалникот на Центар.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести