verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Квазикоментаторски вести полни со навреди, етикети и со коментари

on 9 - 09 - 2016       

poglednete-go-ova-mizerno-choveche-seushte-e-nejasno-dali-zaev-think24-cover

 

[Рецензија: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО ЧОВЕЧЕ: Сеуште е нејасно дали Zaevi е природно глуп или да?]

 

Текстот што е предмет на рецензија е дел од серијата текстови што беа објавени и кои имаа цел да го портретираат лидерот на опозицијата, Зоран Заев, како предавник на Македонија и на македонскиот народ. Поводот за ваквите текстови е присуствувањето на фудбалскиот натрпевар „Шкендија“ – „Гент“, на кој навивачите имале истакнато знамиња на УЧК и шалови со карта на т.н. голема Албанија. Поради ваквите истакнати обележја, лидерот на опозицијата, кој не бил единствениот политичар на натпреварот, но само тој е предмет на хајка, е претставен како да ја поддржува идејата за т.н. голема Албанија.

poglednete-go-ova-mizerno-choveche-seushte-e-nejasno-dali-zaevi-e-prirodno-glup-ili-da-think24Линк до оригиналниот напис: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА МИЗЕРНО ЧОВЕЧЕ: Сеуште е нејасно дали Zaevi е природно глуп или да?

Датум и време на објавување: 27.08. 2016

Датум на рецензирање: 08.09.2016

Рецензент: Димитар Тануров

Објавата што ја рецензираме е ставена во категоријата „Вести“, поткатегорија „Македонија“. Сепак, според својата форма, таа не може да се класифицира како „вест“ затоа што фактите се интерпретираат и се коментираат. Дури и да станува збор за коментар, според новинарските стандарди, тој треба да се темели на факти и да има наведени извори за информациите. Тоа не е случајот со овој напис. Авторот на написот, според објавените податоци на страницата, не е дипломиран новинар. Во недостиг од податоци за нејзината професионална биографија, не може да се каже колкаво е нејзиното работно искуство, но според текстовите што се потпишани со нејзиното име, очигледно е дека не се придржува до професионалните новинарски стандарди и до Кодексот на новинари, а и познавањето на литературниот македонски јазик не ѝ е силна страна, особено ако се земат предвид бројните граматички и лексички грешки.

Самиот наслов е коментаторски. Во него се презентира личен став без никакви факти, кои ќе навестат за што станува збор во написот.

Главата на веста изнесува податоци и тврдења, за кои не се наведени извори.

„Откако изутринава направл хаос на Бихаќка поради сознанието каква глупост направил, Zoran Zaevi на службите во LSDM итно побарал да бидат повикани ПР „експертите“ од Белград кои би требало да смислат стратегија да го исперат од глупоста која ја направил“.

Ваквиот влез во текстот, без да се наведе од каде се податоците и кој го тврди тоа за што се пишува, повеќе наликува на маалски озборувачки муабет отколку на сериозен новинарски производ.

Покрај печатните грешки, во очи паѓа и тоа што името лидерот на опозициската партија е испишано на латиница, како и неговото презиме, на кое е додадена уште една буква – Zoran Zaevi. Исто така, и кратенката за опозициската партија, Социјалдемократски сојуз на Македонија е напишана на латиница, но не како СДСМ, туку како LSDM. Ваквото изменување на имињата и на презимето е еден од начините да се избегнат тужби за клевета. Сепак, обидот за „самозаштита“, најверојатно би бил безуспешен, имајќи предвид дека написот се однесува на видеозаписот на лидерот на СДСМ, кој е ембедиран на страницата, а исто така и во објавата се ставени и фотографии од Заев.

Личните коментари, реториката и речникот што се користат се речиси идентични со тие што ги применува владејачката партија, а тоа може да се забележи од неколку реченици: „Очигледно е дека Zaevi е загубен во просторот, па влегува од глупост во глупост“  и „Црпнат еден“.

Во написот Заев се обвинува дека со присуството на натпреварот ја оправдал националистичката реторика на навивачката група „Балисти“. Сепак, присуството на натпреварот на фудбалскиот клуб од Македонија, на кој присуствуваат разни навивачи и фудбалски обожаватели, не значи дека автоматски се согласува и ги поддржува идеите и ставовите на сите присутни. Тоа е класичен пример за генерализирање и за етикетирање.

Во следниот пасус се прави обид да се ублажат нападите по етничка основа, наведувајќи се дека проблемот не е тоа што присуствувал на натпревар на тим во кој, исто така, играат, покрај Албанци, и Македонци и припадници на другите малцинства, туку во тоа што не го осудил скандирањето и истакнувањето знамиња и обележја на УЧК.

Написот се навраќа на настаните од 2001 година и се обидува да ја протне идејата дека Албанците во Македонија сè уште ја пропагираат идејата за т.н. голема Албанија.

Уште еден пример за личен коментар се последните неколку пасуси во кои се изнесуваат навреди за лидерот на опозицијата и за активистите од граѓанскиот сектор, а истовремено се прави „невин“ обид и за индиректно вмешување на Специјалното јавно обвинителство со реченицата „Само уште Катица не доби наредба да го брани балистот Zaevi“.

Текстот е типичен пример за напис кој не се темели на факти, односно не се наведува кои се изворите за информацијата дека се свикани експерти за односи со јавноста, ниту, пак, дека тие се од Србија. Сето тоа се коси со новинарските стандарди и со Кодексот на новинари:

Член 1.
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

Член 2.
Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.

 

Член 4
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

 

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува насилство и дискриминација по која било основа.

 

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести