verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Професионално незавршена вест

on 9 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 fireshot-capture-15-turp-per-molla-sulen-dhe-izet-mexhiti_-http___www-fakte-net_turp-per-moll

 

Напис: Срам за Мола Сула и за Изет Меџити, џамијата не се гледа никаде

Ветената џамија пред две години во Топанско Поле не се гледа никаде. Таму е останат само камен-темелникот на светата куќа, промовиран неодамна со помпезност од надлежните власти, пренесува „Факте“.

Еден читател на агенцијата за вести ИНА, испратил неколку фотографии од местото на настанот. За ова невнимание тој ги обвинува поглаварот на ИВЗ, Мола Сула, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

„Срам за ИВЗ со Мола Сула и за градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кои веќе две години го зафатиле паркот и до ден денес не направиле ниту една работа. Овие двајца прават само маркетинг со оваа џамија“, пишува револтираниот граѓанин. /ИНА-онлајн.

 

[Рецензија: „Срам за Мола Сула и за Изет Меџити, џамијата не се гледа никаде“]

Веста која не се адресира на соодветното место, не заслужува да се нарече вест. Ова, бидејќи властите или субјектите, чии дела се прикажуваат во текстот, треба да бидат информирани и прашани од новинарот за неговиот напис. Секогаш кон предметот треба да пристапиме на објективен начин, за јавноста да се информира добро и на што посеопфатен начин за прашањето за кое известуваме.

Написот што го рецензираме е едностран и новинарот не ја завршил својата работа, која во овој случај е насочувањето на загриженоста на граѓаните кај надлежните или главните ликови на веста.

„Ветената џамија пред две години во Топанско Поле не се гледа никаде. Таму е останат само камен-темелникот на светата куќа, промовиран неодамна со помпезност од надлежните власти, пренесува „Факте“. Еден читател на агенцијата за вести ИНА, испратил неколку фотографии од местото на настанот. За ова невнимание тој ги обвинува поглаварот на ИВЗ, Мола Сула, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Доколку сакаме да ја комплетираме  веста, не треба да се заборави никогаш другата страна, чие присуство во текстот е печат за објективно и правилно известување. Во овој случај, споменатите страни не се побарани за став и ова ја прави содржината тенденциозна, еднострана и необјективна кога станува збор за прашањето за кое се известува.

‘Turp për Molla Sulën dhe Izet Mexhitin screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Срам за Мола Сула и Изет Меџити, џамијата не се гледа никаде

Датум и време на објавување: 30.08.2016

Датум на рецензирање: 01.09.2016

Рецензент: Адриан Керими

Чувствителните прашања, како што се верските, бараат професионален чувствителен ангажман, бидејќи темата го допира интересот на една цела заедница, во овој случај на исламската. За да им се тргне срамот или крајно за да им се наметне одговорноста кон граѓаните на споменатите страни, авторот бил обврзан да побара став од оние за кои пишува.

„Срам за ИВЗ со Мола Сула и за градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кои веќе две години го зафатиле паркот и до ден денес не направиле ниту една работа. Овие двајца прават само маркетинг со оваа џамија, пишува револтираниот граѓанин“.

Анонимните извори секогаш се полурелевантни, бидејќи читателот има сомнежи за автентичноста на изјавата. Поради ова, новинарот е обврзан да го потврди тврдењето и од некој друг извор, да излезе на терен и за ова прашање да направи една анкета што би го докажала револтот на граѓаните, да консултира некој експерт. Одговорноста на новинарот кон јавниот интерес не завршува само со копирање на некој текст и со негово објавување, само со цитирање на изворот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести