verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Измисли си изјава и направи си вест!

на 10. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е едностран и неоснован бидејќи нема никаков извор и никаков доказ што би го поткрепил напишаното. Во овој напис имаме една непотврдена изјава, која има цел да ги спинува нештата и да ги убеди читателите дека во СДСМ имало некаков раскол и расправии поради пратеничките листи. Линк до оригиналниот напис: Сугарески до Заев: Нè изневеривте и нè оставивте на цедило! Датум и време на објавување: 06.11.2016 Датум на рецензирање: 10.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

НАВОДНА ИЗЈАВА

Во првата реченица од текстот му се сугерира на читателот дека поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, отворено изразувал незадоволство од составот

Еден тон обвинувања без ниту една изјава

на 7. 11. 2016 | |

[Рецензија: СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“]

  Ова е еден коментаторски и едностран текст кој не евидентира присуство на извори, поради што се доведува во прашање веродостојноста на информацијата. Написот на читателите не им нуди никакви докази и аргументи за напишаното. Линк на оригиналниот напис: СТРУМИЦА БАРА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК: Кучиња ги напаѓаат луѓето, градот пропаѓа, Заев си го тера „ќејфот“ Датум и време на објавување: 01.11.2016 Датум на рецензирање: 07.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НИТУ ФАКТИ, НИТУ ИЗВОРИ

Насловот на текстот е бомбастичен и веднаш на читателот му создава слика која тој треба да ја прифати како вистинита и страшна. „Повеќе од две години, од моментот на почнувањето на деструктивниот

Убав пример за професионално сработен новинарски текст

на 2. 11. 2016 | |

[Рецензија:  Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите]

  Овој текст е позитивен пример за тоа како треба да изгледа еден професионален новинарски напис. Текстот содржи вест која е од јавен интерес за граѓаните, не е сензационален и на реален начин ги информира читателите за тоа што се случило. Линк на оригиналниот напис: Девојчиња биле вакцинирани против ХПВ, без знаење на родителите Датум и време на објавување: 27.10.2016 Датум на рецензирање: 02.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЦЕЛОСНА СЛИКА

Во воведот од написот ја имаме веста, односно уште на самиот почеток читателот добива слика за проблемот што се обработува. „Девојчиња од седмо одделение во основното училиште „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица денеска биле вакцинирани против ХПВ, без знаење

Кога се нема аргументи, се „пука“ со невистини

на 21. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски-објавени носителите на листите на СДСМ]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија содржи невистина уште во насловот. Написот, покрај тоа, е полн со коментари, навреди и со етикети за одредени функционери на СДСМ.   Линкуван наслов на оригиналниот напис: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ Датум и време на објавување: 21.10.2016 Датум на рецензирање: 21.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот на написот „И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ“, е чиста невистина и манипулација. Најголемата опозициска партија сè уште ги нема официјално објавено носителите на кандидатските листи за пратеници, туку тоа што деновиве се вртеше во дел

Гатачки прогнози

на 19. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?!]

  Овој напис е полн со шпекулации и со непроверени информации. Текстот, наместо аргументи, на читателите им нуди рекла-кажала муабети и гатачки прогнози. Линк на оригиналниот напис: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?! Датум и време на објавување: 17.10.2016 Датум на рецензирање: 19.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

На самиот почеток, написот бомбастично најавува дека викендот на ВМРО-ДПМНЕ бил тензичен, но не прецизира на какви извори се повикува. „Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. Дознаваме дека викендот на ВМРО бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски“. Покрај тоа што не ги наведува

ТВ-дневник: Партиите воедначено претставени, Тоше требаше да се држи настрана од пресметката со ЗАМП

на 17. 10. 2016 | | sq
Воедначено претставување на политичките партии. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 16 октомври 2016 година]

 

Централниот ТВ-дневник на телевизија „Канал 5“  емитуван на 16 октомври во целина беше дневник каков што би сакале гледачите да видат, но со мали недостатоци. Политичкиот блок вести беше посветен само на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и тој беше рамномерно поделен на двете страни. Недостигаа неколку актуелни дневни вести, а името на Тоше Проевски беше употребено за пресметка на телевизијата со ЗАМП во врска со забраната од страна на ова здружение да се емитува македонска музика без телевизиите да платат за авторски права

  Пишува: Ана Анастасовска   ТВ-дневникот почна со веста за најактуелниот

Текст кој наместо да информира, ја замајува јавноста

на 14. 10. 2016 | |
 

[Рецензија: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи]

  Овој текст е класичен пример за спин. Се повикува на соопштението од владејачката партија и на анонимни извори и ја турка приказната дека СДСМ, наводно, сака да ги одложи изборите закажани за 11 декември 2016 година, што нема никаква врска со фактите. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи Датум и време на објавување: 12.10.2016 Датум на рецензирање: 14.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НИТУ ЗБОР ЗА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ

„Фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието предизвика паника во СДСМ. Најголемата опозициска партија исплашена од соочување со волјата на народот очајно бара начин да ги одложи изборите

А зошто се нашле Ховит и Гарет во насловот?!

на 12. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: МОМЧИЊА МАЛТРЕТИРААТ ЖЕНА: Ова е земјата од која доаѓа Ричард Ховит и Гарет – погледнете ја цивилизациската заостанатост!]

  Насловот на овој текст, кој информира за една немила случка во Велика Британија, е тенденциозен. Избрана е таква насловна конструкција во која сосема непотребно настанот се поврзува со имињата на британскиот амабсадор во земјава, Чарлс Гарет, и со европратеникот Ричард Ховит. Линк  до оригиналниот напис: МОМЧИЊА МАЛТРЕТИРААТ ЖЕНА: Ова е земјата од која доаѓа Ричард Ховит и Гарет – погледнете ја цивилизациската заостанатост! Датум и време на објавување: 04.10.2016 Датум на рецензирање: 12.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Самата информација е во ред, но насловот и последниот коментар ја откриваат тенденцијата на овој новинарски производ. „Ова е земјата од која

Само да се нападне Ховит

на 5. 10. 2016 | | sq

[ Рецензија: ХОВИТ И СДСМ – Брак од интерес на штета на Македонија]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е политички мотивиран и тенденциозен, што се гледа уште од самиот наслов. Тој има цел да го нападне и да го дискредитира британскиот европратеник Ричар Ховит, кој како член на сестринска партија на СДСМ му даде поддршка на Заев за изборите кои треба да се одржат во декември годинава. Линкуван наслов на оригиналниот напис: ХОВИТ И СДСМ – Брак од интерес на штета на Македонија Датум и време на објавување: 04.10.2016 Датум на рецензирање: 05.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ГРЕВОТ“ НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ!

Написот уште на почетокот го напаѓа Ховит: „Искористувајќи ја позицијата која ја има како известувач во ЕП

Сензација од небитна информација

на 3. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив]

  Текстот што го рецензираме не содржи никаква суштинска информација. Намерно е ставен сензационалистички наслов за да привлече повеќе читаност и со тоа да собере повеќе кликнувања. Линк до оригиналниот напис: Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив Датум и време на објавување: 30.09.2016 Датум на рецензирање: 03.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

БЕЗ СУШТИНСКА ВЕСТ

Кога ќе го видите насловот на написот: „Каква сцена во градскиот превоз – граѓаните не веруваа кој седеше до нив“, сигурно ќе си помислите дека станува збор за некоја многу популарна личност и ќе ве заинтригира да го отворите текстот, да видите за

Претплатете се за најнови вести