Јупитер бил виновен за земјотресите
Објавено во Рецензии
on 19 - 09 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
Новинарскиот производ што е предмет на оваа рецензија, всушност, е фото-вест од статус на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишан од непознат профил. Статусот се однесува на наводна причина за земјотресите во Скопје, актуелна и жешка тема, која ги растресе скопјани.
Линкуван до оригиналниот напис: Kонечно стигна логично објаснување за земјотресите
Датум и време на објавување: 13.09.2016
Датум на рецензирање: 17.09.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
Веста содржи објаснување за тоа зошто во Скопје имало земјотреси, повикувајќи се на некакви астролошки знаци и појави.
Прво, она што е нејасно е изворот на информацијата, односно кој го пишува и го тврди тоа. Понатаму, нејасно е како може медиум да си дозволи да промовира астролошки предвидувања како факти за појава на природни непогоди. Каква врска има астрологијата со земјотресите? Има ли научна поврзаност, има ли факти и аргументи за тоа? Ако има, тие треба да бидат презентирани.
Да се тврди дека ова е логично објаснување за земјотресите е крајно несериозно и непрофесионално од новинарски апсект. Задача на медиумот е да го информира читателот и притоа да користи сигурни и проверени изјави и факти, а не да се повикува на некој статус од непознат профил на „Фејсбук“ и тој да се пласира како релевантен.
Сосема поинаква ќе беше сликата ако зборот логично беше ставен под наводници. Ваков текст заслужува поинаков наслов: „Kонечно стигна „логично“ објаснување за земјотресите“. На крајот би можело да се додаде и еден насмеан емотикон.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно