verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

ТВ-Дневник: Слушајте владата што ви вели – опозицијата е виновна за сè

на 19. 07. 2016 | |
Јавниот интерес спасен со прилог за Pokemon Go. Фото: скриншот  

Убаво е кога во еден ТВ-дневник има информации од сите рубрики, но тие информации треба да бидат селектирани така што ќе го покријат интересот на целата јавност. Во овие вести, она што гледачите имаа можност да го видат и да го слушнат беа само прилози за власта и за владините министри и проекти

 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на

Ниту докази, ниту извори

на 18. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Експресно отстранет коментарот против ЛДП]

  Написот што е предмет на оваа рецензија наликува на коментар оставен под некој статус на социјалните мрежи, а не на новинарски текст. Ништо во оваа објава не е јасно, таа само создава конфузија кај читателите. Линк на оригиналниот напис: Експресно отстранет коментарот против ЛДП Датум и време на објавување: 14.07.2016 Датум на рецензирање: 18.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

КАША – ПОПАРА

„Незнаеме зошто но Ивон Величковски експресно го повлече коментарот од fb профилот на Либералната партија, со кој раководството на ЛДП беше обвинето дека се мафијаши и хохштаплери“. Ова, по некоја логика, треба да биде веста во текстот. Од овој пасус се извлекува заклучок дека, наводно, лидерот на ЛП, Ивон Величковски, прво искоментирал

Коментари маскирани во статија

на 15. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: ПРОВОКАЦИЈА: Полицајци напуштија обука, од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач]

    Текстот кој е предмет на оваа рецензија содржи низа коментари, без никакви аргументи, а нема ниту извори. Написот има цел да дискредитира еден од поддржувачите на „Шарената револуција“.     Линк до оригиналниот напис: ПРОВОКАЦИЈА: Полицајци напуштија обука, од ОБСЕ им подметнале хулиган за предавач Датум и време на објавување: 12.07.2016, 22:12 Датум на рецензирање: 15.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   АХ, ТИЕ „ПОДМОЛНИ“ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОБСЕ… „Претставниците на ОБСЕ денеска добија ладен туш, откако подмолно се обидоа на полициските службеници да им подметнат како предавач лице кое е неколкукратно пријавувано за сериозни нарушувања на јавниот ред и мир и кое изминативе месеци редовно ја предводи

Од реализација до конечна цел има многу

на 13. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА:Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај]

Ова е еден крајно популистички текст, кој има цел да го фали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Притоа, написот повеќе наликува на соопштение од партиски билтен, отколку на новинарски текст.   Линк до оригиналниот напис: ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА:Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај Датум и време на објавување: 03.07.2016 Датум на рецензирање: 13.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ, ТЕКСТОТ „ГЛУВ ОРЕВ“ Самиот наслов на овој текст е доста бомбастичен, најавувајќи дека се „остварени барањата од посетата на Груевски на мавровско-дебарскиот крај“. Но, во текстот подолу гледаме дека ветувањата се далеку од остварени. „Минатиот август, Груевски во својство

Во новинарството нема место за претпоставки

на 7. 07. 2016 | |

[Рецензија: Мегафоните на СДСМ ја одработуваат агендата]

  Текстот кој е предмет на оваа рецензија е коментаторски, полн со квалификации и so обвинувања, а притоа не користи никакви извори и аргументи. Имајќи го предвид сето ова, многу лесно може да се заклучи дека овој напис е неверодостоен.   Линк до написот: Мегафоните на СДСМ ја одработуваат агендата Датум и време на објавување: 01.07.2016; 16:49 Датум на рецензирање: 07.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   ЦЕЛТА – ДА СЕ ПРАВАТ КОНСТРУКЦИИ Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот се гледа неговата цел, а тоа е правење конструкции за жигосување на граѓански активисти и за нивно поврзување со СДСМ и со Сорос, убедувајќи ги читателите дека тие дејствуваат по некакви партиски директиви.

Дали снимката на која се гледа како е прегазен малиот Алмир е од јавен интерес?

на 6. 07. 2016 | | sq, en
Сообраќајна несреќа со смртни последици и новинарската етика. Фото: pixabay  

Изминатиот викенд македонската јавност ја потресе случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, кој беше намерно прегазен, по што почина.  Според информациите во медиумите, на грозоморната случка ѝ претходела расправија меѓу родителите на детето и осомничениот за прегазувањето. Ден по информацијата за неговата смрт, беше објавен и видеозапис од немилиот настан

Пишува: Ана Анастасовска   Порталот на албански јазик „Телеграфи“

Новинарот на смее да се поставува како судија

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ? Или Судот со двојни аршини ќе го штити криминалот со превозот во Струмица?]

  Ова е еден коментаторски и тенденциозен текст, политички мотивиран, кој има цел да ја наведе читателската публика дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е вионовен за дело за кое не е почната ниту судска постапка, а уште помалку е изречена пресуда. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПРИТВОР ЗА ЗАЕВ? Или Судот со двојни аршини ќе го штити криминалот со превозот во Струмица? Датум и време на објавување: 29.06.2016 Датум на рецензирање: 01.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАВЕДУВАЊЕ

Ваквата тенденција се гледа уште во насловот на написот во кој се тврди дека „Oпштина Струмица правела криминал со превозот“. На почетокот имаме вест

Од претпоставки до спектакуларни обвинувања

на 29. 06. 2016 | |

[Рецензија: ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ: Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции, наместено и под биро?!]

  Овој текст е полн со непроверени информации, претпоставки, а има и обвинувања за сторечи кривични дела, кои се неосновани, a кои можaт да повлечат одредени правни последици. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ: Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции, наместено и под биро?! Датум и време на објавување: 26.06.2016 Датум на рецензирање: 28.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ТВРДИ ≠ ПРЕТПОСТАВУВА

Написот уште со насловот најавува спектакуларни обвинувања за професорката Ана Павловска-Данева. Но, кога ќе го отворите текстот, ќе сфатите дека станува збор само за претпоставки, кои се пласирани како факти, што

Пример за совршен спин

на 27. 06. 2016 | |

[Рецензија: Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија претставува пример за тоа како еден професионален напис може да се искористи да се искоментира и притоа да се изврти неговата смисла, создавајќи кај јавноста погрешна слика. Овој напис претставува  совршен спин. Линкуван наслов на анализираниот напис: Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“ Датум и време на објавување: 22.06.2016 Датум на рецензирање: 27.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПОГРЕШНА СЛИКА

Имено, преземен е напис од неделникот „Фокус“ за преписката меѓу директорката на театар „Комедија“, Јелена Жугиќ, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Како што се гледа од самиот

Фото-вест злоупотребена за пропаганда

на 22. 06. 2016 | |

 

[Рецензија: Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ]

  Ова е еден коментаторски текст, кој обична фото-вест ја искористил за ширење пропаганда и за напад врз „Шарената револуција“. Линк на оригиналниот напис: Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ Датум и време на објавување: 21.06.2016 Датум на рецензирање: 22.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДОДАВАЊЕ ЗАЧИН

Уште во самиот наслов на написот се гледа неговата тенденција, а тоа е да се нападнат СДСМ и поддржувачите на „Шарената револуција“ и тие да се претстават како непријатели на македонскиот народ само затоа што протестирале. Имено, веста во написот е дека полицаец преврзал повреден новинар. „Марјан

Претплатете се за најнови вести