verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Демистифицирање на спинот за федерализација

на 22. 12. 2016 | |

[Рецензија: РЕПОРТАЖА: ЗОШТО ДУИ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коректен и професионално сработен. Тој го разбива спинот кој беше во фокусот на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и на медиумите кои ѝ се наклонети, дека Албанците гласале за СДСМ заради тоа што лидерот на партијата, Зоран Заев, наводно, им ветувал федерализација на земјата и двојазичност на ниво на цела држава. Линк до оригиналниот напис: РЕПОРТАЖА: ЗОШТО ДУИ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО Датум и време на објавување: 19.12.2016 Датум на рецензирање: 21.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

РЕАЛНА СЛИКА

И сето тоа е направено низ една убаво склопена репортажа од Арачиново, при што на наративен јазик на читателот му е доловена атмосферата во оваа приградска скопска општина

Срамен текст се критикува на уште посрамен начин

на 20. 12. 2016 | |

[Рецензија: Соголени: СДСМ ја слави смртта на Есма Реџепова!!!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е полн со невкусни коментари, недоличен е и под секое ниво. Тој претставува критика на друг текст, објавен на друг портал, но не е ништо поинаков од написот што го критикува. Линк до оригиналниот напис: Соголени: СДСМ ја слави смртта на Есма Реџепова!!! Датум и време на објавување: 11.12.2016 Датум на рецензирање: 20.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

 СО НЕВКУС ПРОТИВ НЕВКУСОТ

Самиот наслов на текстот е спин и се обидува на јавноста да ѝ наметне дека опозицискиот СДСМ се сити на смртта на Есма Реџепова, што е целосна невистина. Имено, написот се обидува да критикува објава на порталот „Мактел“, во врска со

Кога се пишува за бројност, потребни се бројки!

на 8. 12. 2016 | |
  [Рецензија: Нервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје] Овој текст е тенденциозен и политички мотивиран. Аргументите што му ги нуди на читателот не ги базира на факти, туку на лични убедувања и притоа ги пренесува како коментари. Наспроти тоа, не се нудат егзактни информации. Линк до оригиналниот написНервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје Датум и време на објавување: 04.12.2016 Датум на рецензирање: 08.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   „Помал број на лица беа присустни на митингот кој вечерва СДСМ го одржа во Скопје во споредба со митингот кој опозициската партија го одржа лани на 17 мај, е првиот и очигледен впечаток кој се забележува“. Во

Оцрнувачки текст скаран со вистината

на 6. 12. 2016 | |

[Рецензија: Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е класичен пример за спин и за оцрнување на јавно познати личности, во случајов пејачи, само поради тоа што настапуваат на митинзите на опозицијата. Написот се обидува да го убеди читателот дека овие пејачи ги отворале митинзите на СДСМ со југословенската химна. Линк до оригиналниот написПејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ? Датум и време на објавување: 30.11.2016 Датум на рецензирање: 05.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

А ДОКАЗИ?

Самиот наслов на текстот „Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ

Убаво сработена важна информација од јавен интерес

на 1. 12. 2016 | |

[Рецензија: Нема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата]

  Tекстот пред нас претставува добар пример за тоа како треба да изгледа еден професионално изработен новинарски напис и токму затоа заслужува позитивна рецензија. Написот содржи информација која е од јавен инетрес, ги има основните елементи на коректна вест и користи извори кои не се еднострани. Линк до оригиналниот написНема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата Датум и време на објавување: 22.11.2016 Датум на рецензирање: 01.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДОБАР ПРИМЕР

Главната вест, која е во фокусот на овој материјал, е содржана во првиот дел од текстот, односно уште на почетокот читателите се информирани за проблемот кој подолу е обработен. „Нема веќе електронски здравствени картички

Луна-парк е далеку од Дизниленд

на 23. 11. 2016 | |
 

[Рецензија: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд]

  Овој текст е тенденциозен, со политичка заднина и има цел да ја дискредитира Општина Центар, особено градоначалникот Андреј Жерновски и директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ. Написот индиректно ги напаѓа нив и тоа неосновано и без конкретни и прецизни информации. Линк до оригиналниот напис: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд Датум и време на објавување: 15.11.2016 Датум на рецензирање: 23.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

КАДЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИТЕ ГРАЃАНИ?

Насловот: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд“, е провокативен и го тера читателот да го отвори текстот.

ТВ-дневник: Не е важно што СЈО соопшти дека има докази оти УБК прислушувала, важно е да се напаѓа Заев

на 19. 11. 2016 | |
Првин политички пресметки, па настанот на денот. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 15.30 часот на 18 ноември 2016 година]

 

Овој централен ТВ-дневник беше полн со информации од настаните во земјава, но приоритетот на случувањата и нивниот импакт врз јавноста беа целосно промашени. Имено, прес-конференцијата на СЈО за новата истрага насловена „Таргет“, беше настанот што го одбележа денот и кој отвори многу прашања во јавноста.

Ќе се плаќа за влез во ЕУ, но од 2021 година

на 18. 11. 2016 | | sq

[Рецензија:БРИСЕЛ ОДЛУЧИ: За влез во ЕУ ќе плаќаме пет евра]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија има сензационален наслов, но информациите што ги нуди не се прецизизно објаснети, па создаваат забуна во јавноста. Линк до оригиналниот написБРИСЕЛ ОДЛУЧИ: За влез во ЕУ ќе плаќаме пет евра Датум и време на објавување: 16.11.2016 Датум на рецензирање: 18.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕ „ОДЛУЧИ“, ТУКУ ДОПРВА „ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА“

Во насловот и во текстот се вели дека Брисел одлучил за влез во ЕУ да се плаќаат пет евра. „За влез во земјите од шенген-зоната македонските граѓани ќе плаќаат пет евра. Европската комисија одлучи дека земјите што не се дел од ЕУ, а кои имаат безвизен режим,

Бомбастична информација без извор

на 17. 11. 2016 | |

[Рецензија: (ВИДЕО) АВТОМОБИЛЧЕТО НА ИГОР ГИЕВСКИ ОД 130.000 ЕВРА]

  Текстот што го рецензираме во самата глава содржи бомбастична информација која подолу во написот не е обработена според професионалните новинарски стандарди. Не е познат изворот на информaцијата ниту, пак, таа е проверена од сите засегнати страни. Линк до оригиналниот напис(ВИДЕО) АВТОМОБИЛЧЕТО НА ИГОР ГИЕВСКИ ОД 130.000 ЕВРА Датум и време на објавување: 15.11.2016 Датум на рецензирање: 17.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

МНОГУ НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

„Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија и поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Игор Гиевски заедно со својата сопруга, Слободанка Гошева Гиевска која е ќерка на екс претседателката на Уставен суд, Елена Гошева, ќе се возат во ултра луксузен џип Масерати Леванте

Спинувана изјава на Шекеринска

на 15. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Шеќеринска разочарана од изборот на Американците – Поразот на Клинтон значи и пораз на Сорос]

  Ова е политички мотивиран и спинуван текст, кој нема објаснување и потврда за тезите што ги нуди. Неговата цел е да ја изврти изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадена по повод изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и таа, односно партијата, по секоја цена да се доведе во корелација со Сорос. Линк до оригиналниот написШеќеринска разочарана од изборот на Американците – Поразот на Клинтон значи и пораз на Сорос Датум и време на објавување: 09.11.2016 Датум на рецензирање: 15.11.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

МНОГУ ПРАШАЊА, НИТУ ЕДЕН ОДГОВОР

Насловот на текстот веднаш отвора многу прашања за

Претплатете се за најнови вести