verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Луна-парк е далеку од Дизниленд

on 23 - 11 - 2016       

 

vecer

[Рецензија: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд]

 

Овој текст е тенденциозен, со политичка заднина и има цел да ја дискредитира Општина Центар, особено градоначалникот Андреј Жерновски и директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ. Написот индиректно ги напаѓа нив и тоа неосновано и без конкретни и прецизни информации.

za-da-go-odnesete-deteto-vo-luna-park-kje-ve-chini-kako-vo-diznilend-vecherЛинк до оригиналниот напис: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд

Датум и време на објавување: 15.11.2016

Датум на рецензирање: 23.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

КАДЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИТЕ ГРАЃАНИ?

Насловот: За да го однесете детето во луна Парк ќе ве чини како во Дизниленд“, е провокативен и го тера читателот да го отвори текстот. Но, дали навистина трошокот за денот поминат во Луна-парк и во Дизниленд е иднетичен, како што тука се тврди?

Во написот се вели дека „Паркинзи Центар“ ќе воведе наплата за паркирање на теренот покрај Градски парк и веднаш потоа се нагласува дека граѓаните биле незадоволни од тоа и наводно коментирале дека едно одење во Луна-парк ќе ги чинело како посета на Дизниленд.

„Паркинзи Општина Центар почна да го расчистува теренот покрај Градски парк каде намерава да воведе зонско паркирање, односно наплата на паркирање на час. Граѓаните со негодување ја примија оваа вест коментирајќи дека едно одење во Парк ќе ги чини како посета на парк во некоја метропола, а посетата Луна Парк како посета на Дизниленд“.

Прво, никаде во овој материјал ги нема коментарите од наводните незадоволни граѓани. Кои се тие луѓе што негодувале, каде ги упатиле своите забелешки, дали до Општината или на социјалните мрежи, ништо не е наведено.

 

КОЛКУ ЧИНАТ БИЛЕТИТЕ ВО ЛУНА-ПАРК И ВО ДИЗНИЛЕНД?

Понатаму, трошоците за одење во Луна-парк, заедно со паркирањето и со билетите за забава таму, се поистоветуваат со трошоците кои едно семејство би ги направило при посета на паркот Дизниленд. Но, ако се направи вистинска споредба на цените, што не е случај во текстот, и ако се судрат фактите, ќе се види дека ваквото поистоветување е далеку од реалноста.

На пример, доколку едно четиричлено семејство одлучи да оди во Луна-парк во сабота, паркирање се наплаќа до 15 часот. По 15 часот и во недела ПОЦ не наплаќа за паркирање. Но, тоа не е наведено во текстот. Доколку семејството тргне во сабота сабајле на прошетка во Градски парк и во Луна-парк и се задржи вкупно осум часа, имајќи предвид дека за паркирање од час се наплаќа 50 денари, за оваа услуга ќе плати 400 денари или околу 6,5 евра.

Имајќи ги предвид цените на билетите во Луна-парк, кои се движат од 30 до 60 денари, да земеме пример дека двете деца би се возеле по десет пати на некои од реквизитите во Луна-парк и тоа по највисоката цена за билет од 60 денари, тогаш за 20 возења семејството би платило 1.200 денари или околу 20 евра. Сè вкупно (заедно со паркирањето) едно четиричлено семејство за осум часа поминати во Градски парк и во Луна-парк би потрошило 26,5 евра. Значи би потрошило повеќе пари за билетите во Луна-парк отколку за паркирање. Но, во написот не е наведена цената за паркирање, исто така, не се наведени ниту цените на билетите кои, пак, ги креира Град Скопје, бидејќи паркот е под негова надлежност.

Цени нема ниту за билетите во Дизниленд. Инаку, целодневен билет за еден возрасен во Дизниленд чини 47 евра, а за дете 40 евра. Па, едно четиричлено семејство за цел ден поминат во Дизниленд, би потрошило вкупно 174 евра, што е далеку повеќе од цената од 22,5 евра.

 

 

НЕРЕАЛНА СПОРЕДБА

Значи, споредбата меѓу Луна-парк и Дизниленд нема никаква врска со реалноста.

„Прашање е како одговорните од ПОЦ ќе го регулираат паркирањето за време на некој натпревар во Арената Филип Втори, кога гужвите се најголеми“.

Текстот завршува со прашање кое не е поставено на вистинското место. Ова прашање, според професионалните стандарди во новинарството пропишани во членот 1 од Кодексoт на новинари, требало да се упати до ПОЦ, односно до директорот Саша Богдановиќ. Тој дал одговор на ова прашање, но во друг медиум, од каде му се јавиле за да побараат објаснување, што не е случај во овој напис.

Од авион се гледа дека текстот е политички мотивиран и дека има цел да го дикредитира работењето на Општина Центар и на ПОЦ, без притоа да се користат конкретни аргументи и без да се слушне втората страна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести