verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од еден транспарент против лидерот на опозицијата не се носат заклучоци

on 23 - 11 - 2016       

zurnal

[Рецензија: ФОТО: Заев не е добредојден во Кавадарци – „ОДИ СИ“]

 

Написот е едностран, наведувачки и прави генерализација без притоа да понуди уверливи и подетални информации за „случката“ за која известува. Овој текст, онака како што е конструиран, не ги исполнува основните новинарски стандарди за објективно и точно информирање.

foto-zaev-ne-e-dobredojden-vo-kavadarci-odi-si-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Заев не е добредојден во Кавадарци – „ОДИ СИ“ 

Датум и време на објавување: 18.11. 2016

Датум на рецензирање: 22. 11. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА

„Кавадарци кој е дел од изборната единица 4 каде носител на пратеничката листа од СДСМ е Зоран Заев, денес му порача на лидерот на опозицијата дека не е добредојден во градот“.

Самиот влез на написот е коментарски и генерализира дека целиот град е против лидерот на  СДСМ. Ставот што му се наметнува на читателот, всушност, се влече само од еден транспарент за кој не се знае кој го поставил. Можеби, на пример, станува збор за активисти на владејачката партија. Но, тоа не е проверено во ВМРО-ДПМНЕ за да се утврди дали е во прашање некаква предизборна партиска герила-акција.

Според својот жанр, написот претставува фото-вест. Меѓутоа, и во ваквите вести, иако самата фотографија ја содржи информација, не е дозволени да се влечат генерализирани заклучоци, а особено не смее да се дава политички тон на веста. Ова се коси со стандардите на етички исправното новинарство кои, меѓу другото, налагаат:  веста да биде точна и целосно проверена, да се прави разлика меѓу фактите и мислењата, веста и коментарот, како и да се обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, при што известувањето од политичките процеси, особено од изборите да биде непристрасно и избалансирано (членовите 1 , 13 и 14 од Кодексот на новинарите).

Вака поставената информација, пак, остава впечаток дека има единствена цел, ставовите на одредена група (партија) да се прикажат како доминатно мислење – расположение во еден град (општина), во конкретниот случај Кавадарци.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести