Наводен дипломатски скандал врз темели од политичка магла
Објавено во Рецензии
on 23 - 11 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Дипломатски скандал: Европски амбасадори се вклучија во кампањата на СДСМ]
За да биде нешто скандалозно, мора да има идентификувани актери кои го предизвикале скандалот. Во текстов нема лица со име и со презиме или, најмалку, со иницијали или замаскирана фотографија in flagranti, фатени со рацете во медот – по нашки. Како може да биде скандал, кога од скандалот имате само:
„Исплашени од очигледната предност на ВМРО-ДПМНЕ на терен, што потврдуваат и анкетите, дајца европски амбасадори во земјава излегоа на терен со членовите на СДСМ за да им пружат поддршка“.
Толку од скандалот. Нема ниту еден елемент, ниту еден аргумент што ќе потврди дека оваа медиумска содржина не е новинарска измислица. Патка.
Ви се молам: Новинарски текст без извори!?!
Линк до оригиналниот напис: Дипломатски скандал: Европски амбасадори се вклучија во кампањата на СДСМ
Датум и време на објавување: 22.11.2016, 12:29
Датум на рецензирање: 23.11.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ТЕКСТ БЕЗ ИЗВОРИ?!
И сега, внимавајте! Врз основа на оваа измислица, бидејќи нема ништо што ќе го потврди спротивното, се плете текст. Се издига како куќа на темели од магла. Скандал на темели од политичка магла!
Таа магла е полна со коментари интегрирани во текст објавен во рубрика „Македонија“. Тоа е суштински во спротивност со членот 13 од Кодексот на новинарите:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Коментарите лесно се идентификуваат како ставови блиски до владејачката политичка номенклатура. Тоа го прави текстот пристрасен и во колизија со членот 14 од Кодексот новинарски:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
На крајот, сепак, се поставува прашањето како е можна ваква аматерска грешка, па човек се прашува, дополнително, да не пропуштиле некој пасус?!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
Не
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови