verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувана изјава на Шекеринска

on 15 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal-1

[Рецензија: Шеќеринска разочарана од изборот на Американците – Поразот на Клинтон значи и пораз на Сорос]

 

Ова е политички мотивиран и спинуван текст, кој нема објаснување и потврда за тезите што ги нуди. Неговата цел е да ја изврти изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадена по повод изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и таа, односно партијата, по секоја цена да се доведе во корелација со Сорос.

shekjerinska-razocharana-od-izborot-na-amerikancite-porazot-na-klinton-znachi-i-poraz-na-soros-zurnal-netЛинк до оригиналниот написШеќеринска разочарана од изборот на Американците – Поразот на Клинтон значи и пораз на Сорос

Датум и време на објавување: 09.11.2016

Датум на рецензирање: 15.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

МНОГУ ПРАШАЊА, НИТУ ЕДЕН ОДГОВОР

Насловот на текстот веднаш отвора многу прашања за кои подолу во написот не се понудени одговори. Изјавата на Шекеринска е наменски искористена за да се спинува и да се создаде погрешна слика во јавноста.

„Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, од хотелот „Александар палас“, каде што американската амбасада организира изборна ноќ“.

Шекеринска, од женски аспект, јасно кажува дека е разочарана што не победила жена на изборите и нагласува дека резултатот бил избор на демократската волја на граѓаните. Таа не спомнува ништо конкретно во врска со кандидатите Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

Но, нејзината изјава произволно се толкува и се злоупотребува за да поврзе СДСМ со Сорос.

„Најверојатно, поголемо разочарување за Шеќеринска е тоа дека поразот на Хилари Клинтон всушност значи и пораз на нејзиниот најголем финансиер СОРОС. А Сорос е паралелна власт на СДСМ од 1994-95-та година, која има свои инсталации и кадри во СДСМ, некогаш предводена од Фрчкоски и Ѓунер Исмаил, а сега на чело со Радмила Шекеринска“. 

Првиот збор „најверојатно“ јасно говори дека тука станува збор за претпоставки и за сопствени убедувања. Нема докази и аргументи за поврзаноста на Хилари со Сорос, ниту, пак, за поврзаноста на СДСМ и на Шекеринска со Сорос. Сè е само спин и убедување на читателите дека Сорос го финанасира СДСМ.

Тука не се понуадени одговори на неколу прашања. Прво, каква е поврзаноста на Клинтон со Сорос и, второ, каде се доказите за финансиската поврзаност на Шекеринска со Сорос.

„Овој пораз на Сорос во САД ќе има свои реперкусии и во Македонија, затоа Шеќеринска е разочарана“.

Зошто ќе има реперкусии? Повторно нема одговор.

Странските медиуми неодамна пишуваа за бизнис-релациите меѓу Трамп и Сорос, како и дека тие двајцата заедно прославувале Божиќ. Според тоа, се наметнува прашањето, со кого е поврзан Сорос, со Хилари или со Трамп?

Ова се прашања на кои треба да се понудат одговори или да се линкуваат анализи и ставови од други медиуми, за потоа да можат читателите сами да си извлечат заклучок.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести