verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Убаво сработена важна информација од јавен интерес

on 1 - 12 - 2016       

nova

[Рецензија: Нема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата]

 

Tекстот пред нас претставува добар пример за тоа како треба да изгледа еден професионално изработен новинарски напис и токму затоа заслужува позитивна рецензија. Написот содржи информација која е од јавен инетрес, ги има основните елементи на коректна вест и користи извори кои не се еднострани.

nova-tv-nema-vekje-zdravstveni-kartichki-firmata-stavi-kluch-na-vratanova-tvЛинк до оригиналниот написНема веќе здравствени картички, фирмата стави клуч на врата

Датум и време на објавување: 22.11.2016

Датум на рецензирање: 01.12.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ДОБАР ПРИМЕР

Главната вест, која е во фокусот на овој материјал, е содржана во првиот дел од текстот, односно уште на почетокот читателите се информирани за проблемот кој подолу е обработен.

„Нема веќе електронски здравствени картички за граѓаните, фирмата престана да ги изработува. НОВА дознава дека фирмата „Индициус“, која што ги произведуваше картичките си ги собрала машините и ставила клуч на врата. „Индициум“  е фирма ќерка на хрватската „АКД“која го доби тендерот за изработка на здравствените картички и беше формирана за да го опслужува македонскиот здравствен систем. НОВА го пронајде претставништвото на оваа фирма кое пред повеќе од еден месец е иселено од просториите“.

Ова е важна информација за граѓаните, имајќи предвид дека има и такви кои поднеле барање и платиле за здравствени картички кои сè уште не ги добиле. Она што е особено важно и добро во написот е што информацијата ја открил самиот автор на текстот, односно таа е изворна, а не пренесена или слушната од некого.

„Од свои извори во Фондот за здравство НОВА дознава дека нов договор не склучен со ниту една фирма. Од тендерот на кој требаше да се избере нова фирмата што ќе ги печати картичките, нема ниту траг“.

Веднаш по информацијата, следи ставот од Фондот за здравство кој е надлежен за склучување на договорот со фирмата која требаше да ги печати картичките. Тука е запазено основното правило од првиот член од Кодексот за новинарите дека информацијата треба да се провери колку што е можно подобро од повеќе страни.

 

СИТЕ АСПЕКТИ НА ПРОБЛЕМОТ

Написот го поставува и прашањето за тоа како ќе се лекуваат новороденчињата и бебињата за кои нема нови картички, но и сите оние кои не добиле картички досега? Исто така, сосема исправно се упатува и прашањето „Зошто на вработените во здравствениот сектор  кои во јули платија за картичките, а не ги добија, не им се вратени парите?“.

„Нејасно е, како ќе се лекуваат новороденчињата и бебињата за кои нема нови картички, но и сите оние кои не добиле картички досега. Дали повторно ќе вратат сините картони на голема врата. Зошто на вработените во здравствениот сектор  кои во јули платија за картичките, а не ги добија, не им се вратени парите“.

Од текстот се гледа дека бил побаран одговор директно од фирмата АКД, но, за жал, не бил добиен.

„НОВА се обрати во хрватската фирма „АКД“ со која Министерството за здравство имаше склучено договор, за да прашаме која е причината што си заминаа од земјава. Но, одговор не добивме“.

Значи, одговори се побарани од сите можни страни, за јавноста да добие колку е можно поширока слика за тоа што го чита.

Во недостиг од официјален одговор од засегнатите страни, на читателот му е предочена можната причина за проблемот:

„Иако никој официјално не ги објаснува причините за пропаста на проектот, во јавноста се знае дека несогласувањата меѓу Фондот и Министерството за здравство  резултираа со раскинување на договорот со хрватската фирма „АКД“. Овие две институции никако не можеа да се договорат чиј е проектот и кој, каква одговорност носи“.

 

ФИНАНСИСКИ ИМПЛИКАЦИИ

Во последниот дел од текстот, опфатени се финансиските импликации што ги повлекол овој проект на Министерството за здравство, како и трошоците на кои биле изложени граѓаните за да извадат електронска здравствена картичка.

„За оваа намена имаше обезбедено 7, 5 милиони евра, но парите  ги снема со ребалансот на буџетот во 2012 та година. Нови средства повеќе не беа предвидени. Тогаш, министерот Тодоров одлучи граѓаните картичките да ги плаќаат од сопствен џеб. Тоа значеше нови 7 до 8 милиони евра кои се собраа во буџетот од граѓаните. Со издавањето на новите картички летово од 46 000 осигуреници беа собрани нови 220 000 евра“.

Текстот е целосен и ги содржи клучните информации поврзани со проблемот што го обработува. Добро е кога во македонските медиуми ќе се прочита добар новинарски текст, кој содржи информација која е од јавен интерес.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести