Пропаганда и антипропаганда „без ракавици“
Објавено во Рецензии
on 2 - 12 - 2016 Автор: Marta Ziba
Напис: Откриен валканиот калемџија на „Журнал“
Задача на секој медиум е реалното и правилно информирање на неговите читатели, но некои медиуми оваа улога ја играат преку уценување и неаргументирани написи. На пример, „Журнал“ е медиум за кој се зборува дека е многу близок до Муса Џафери од ДУИ и, општо, до цела ДУИ, додека како што се сомнева, зборува и претпоставува, „главата“ на највалканите, најнечовечките и уценувачки написи се пишуваат лично од раката на Реџеп Адеми за сите тие што ги сметаат за „непријатели“?! Зачудувачки е како Реџеп Адеми е истовремено вработен и во државната администрација, но и во „Журнал“, што претставува класичен конфликт на интереси. Дури, се шпекулира дека токму Адеми е врската меѓу Муса Џафери и „Журнал“, бидејќи е вработен во државната администрација и оттука имаат полесни контакти за проширување на влијанието на „Журнал“. ОВОЈ Е „ГЛАВАТА“ НА НЕЧОВЕЧКИТЕ НАПИСИ ВО „ЖУРНАЛ“, ПОЛНИ СО ГНЕВ И ПИСЛАЦИ?!
Реџеп Адеми, поранешен новинар што работел во ТВМ, сега вработен во администрација, е сликан пред неколку денови на партискиот собир на ДУИ во Сарај.
[Рецензија: Откриен валканиот калемџија на „Журнал“]
Веќе долго време медиумската пропаганда е речиси несфатлива, без ниедна црвена линија. Некои медиуми се трудат да прават црна кампања, оцрнувајќи го имиџот на одредени личности или партии, а некои други презеле мисија да бидат нивни „заштитник“. И, во оваа „војна“ веќе не се избираат средствата и зборовите.
Линк до оригиналниот напис: Откриен валканиот калемџија на Журнал
Датум и време на објавување: 27.11.2016
Датум на рецензирање: 28.11.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Веста што ја рецензираме, да беше напишана во „подобри времиња“ ќе беше едно многу грдо дело за новинарството во Македонија и ќе беше коментирано од сите. Но, бидејќи сега веќе голем дел од медиумите го имаат овој „стил“ на изразување, не паѓа многу в очи или, можеме да кажеме, веќе сме навикнати на оваа појава.
Новинарот се обидел да извади на видело еден личен став, етикетирајќи едно одредено лице без ниеден доказ, без ниеден елемент на сигурност, тргнувајќи само од неговите убедувања. Но, што би се случило ако сите ги пишувавме работите што ги знаеме или за кои се сомневаме, а не успеваме да ги докажеме?!
Авторот се обидел да открие кој ги пишува текстовите на порталот „Журнал“, но ова го направил на погрешен начин.
„Журнал“ е медиум за кој се зборува дека е многу близок до Муса Џафери од ДУИ и, општо, до цела ДУИ, додека како што се сомнева, зборува и претпоставува, „главата“ на највалканите, најнечовечките и уценувачки написи се пишуваат лично од раката на Реџеп Адеми за сите тие што ги сметаат за „непријатели“?!
Авторот оди до таму што спомнува и имиња и дури објавува фотографии на едно лице, без докази за направените тврдења. И законски и морално, во новинарството не е дозволено да се обвинуваат поединци на овој начин.
„Зачудувачки е како Реџеп Адеми е истовремено вработен и во државната администрација, но и во „Журнал“, што претставува класичен конфликт на интереси. Дури, се шпекулира дека токму Адеми е врската меѓу Муса Џафери и „Журнал“, бидејќи е вработен во државната администрација и оттука имаат полесни контакти за проширување на влијанието на „Журнал“. ОВОЈ Е „ГЛАВАТА“ НА НЕЧОВЕЧКИТЕ НАПИСИ ВО „ЖУРНАЛ“, ПОЛНИ СО ГНЕВ И ПИСЛАЦИ?!“
За целото ова сценарио мора да се има силна поддршка, не само ставови и лични информации. Треба да се биде многу внимателен, особено кога се користат квалификации како овие последните „нечовечко“, „пислаци“ и многу други.
Друг детаљ што паѓа в очи е фотографијата за која се вели дека е од Реџеп Адеми на еден собир на ДУИ, иако на фотографијата не може јасно да се забележи идентитетот.
За да се биде покоректен: такви вести, независно дали некој ни се допаѓа или не, не треба да се пишуваат со гнев, бидејќи ќе станеме исти како тој што го критикуваме. Ако не поради чување на веродостојноста на медиумот, таквите текстови треба да ги избегнуваме поради задржување на нивото на професионалност и на личниот интегритет на новинарот.
За да биде оваа вест комплетирана, би требало да се понудат официјални документи што докажуваат дека ова лице навистина пишува вести за порталот „Журнал“. Потоа, би се зел и негов став во врска со откриените тврдења. Потоа, може да се земат и неколку примери од написите на порталот каде што има навреди, клевети за „непријателите“ на власта. Не се почнува толку сериозен текст со „претпоставки“, „сомнежи“ и со „како што се зборува“. Барем ако тргнеме од предвидените одредби во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија:
-
Новинарот треба да има почит за приватниот живот на едно лице, освен во случаи кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
-
Новинарот нема свесно да создаде или обработи информации, кои ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да зборува со говор на омраза и нема да поттикне насилство или диксриминација врз која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, политичка, сексуална ориентација…)
-
Новинарот ќе се придржува до прифатените општествени стандарди што имаат врска со достоинството…
-
Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите.
-
Новинарот ќе го зачува престижот и достоинството на неговата професија, ќе поттикнува меѓусебна солидарност и плурализам на мислењата и нема да го користи неговиот медиум за расчистување сметки со разни лица, вклучувајќи ги тука и неговите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови