verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бомбастична информација без извор

on 17 - 11 - 2016       

centarnews

[Рецензија: (ВИДЕО) АВТОМОБИЛЧЕТО НА ИГОР ГИЕВСКИ ОД 130.000 ЕВРА]

 

Текстот што го рецензираме во самата глава содржи бомбастична информација која подолу во написот не е обработена според професионалните новинарски стандарди. Не е познат изворот на информaцијата ниту, пак, таа е проверена од сите засегнати страни.

video-avtomobilcheto-na-igor-gievski-od-130-000-evraЛинк до оригиналниот напис(ВИДЕО) АВТОМОБИЛЧЕТО НА ИГОР ГИЕВСКИ ОД 130.000 ЕВРА

Датум и време на објавување: 15.11.2016

Датум на рецензирање: 17.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

МНОГУ НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

„Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија и поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Игор Гиевски заедно со својата сопруга, Слободанка Гошева Гиевска која е ќерка на екс претседателката на Уставен суд, Елена Гошева, ќе се возат во ултра луксузен џип Масерати Леванте С“.

Ова е информацијата што читателот прво ќе ја прочита кога ќе го отвори текстот. Таа е пренесена како нешто скандалозно поради што нормално е да има и објаснување зошто е тоа така. Но, наместо објаснување, написот ни отвора низа прашања на кои не нуди одговор.

„Како успеа Игор Гиевски за само 5 години работа во ЕВН да купи вакво возило кое чини 130 000 евра, ако се знае дека просечната плата според власта е 400 евра месечно, а годишно околу 5000 евра, што значи дека е потребна заработка за 24 години“.

Прашањето е на место. Но, убаво би било кога тоа би било поставено на друга адреса. Во случајов, требало да се побара изјава од Гиевски. Тој да одговори, прво, дали е вистина дека купил таков автомобил и, второ, од каде му се парите, имајќи ја предвид неговата годишна заработувачка.

„Од плата, макар и повискока во ЕВН, за пет години е невозможно да се купи ваков автомобил, освен ако не сте во криминалната шема на власта на Груевски. Игор Гиевски со новото автомобилче ќе ги повози и другарчињата Чукиќ-Марков, адвокати на Фамилијата“.

Тука имаме мешање „баби и жаби“ и своеволни толкувања од типот криминални шеми и „адвокати на Фамилијата“. Написот не евидентира присуство на ниту еден извор, било да е официјален или анонимен, па нејасно е од каде е добиена информацијата дека Гиевски се подновил со ново „масерати“. Понатаму, информацијата не е проверена од ниту една страна. Не е побарана изјава од Гиевски.

Со тоа е прекршен членот 1 од Кодексот на новинари кој вели:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Сето ова остава простор да биде доведена во прашање веродостојноста на информацијата и да се извлече заклучок дека написот е политички мотивиран и има цел да го дискредитира Гиевски, кој се поврзува со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и да се дискредитира партијата на власт.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести