verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ќе се плаќа за влез во ЕУ, но од 2021 година

on 18 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија:БРИСЕЛ ОДЛУЧИ: За влез во ЕУ ќе плаќаме пет евра]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија има сензационален наслов, но информациите што ги нуди не се прецизизно објаснети, па создаваат забуна во јавноста.

brisel-odluchi-za-vlez-vo-eu-kje-plakjame-pet-evra-zurnal-netЛинк до оригиналниот написБРИСЕЛ ОДЛУЧИ: За влез во ЕУ ќе плаќаме пет евра

Датум и време на објавување: 16.11.2016

Датум на рецензирање: 18.11.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕ „ОДЛУЧИ“, ТУКУ ДОПРВА „ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА“

Во насловот и во текстот се вели дека Брисел одлучил за влез во ЕУ да се плаќаат пет евра.

„За влез во земјите од шенген-зоната македонските граѓани ќе плаќаат пет евра. Европската комисија одлучи дека земјите што не се дел од ЕУ, а кои имаат безвизен режим, да плаќаат за влез во Унијата. Дозволата ќе важи за повеќе влезови во период од пет години. Лица помлади од 18 години нема да плаќаат“.

Но, информацијата не е убаво објаснета. Како прво, Брисел сè уште не одлучил конечно за оваа мерка, туку ова е предлог на Европската комисија за кој понатаму ќе се одлучува дали ќе се усвои. Второ, ваквиот предлог, доколку се усвои, ќе важи од 2021 година. Тоа во текстот не е наведено поради што е нејасно  од кога граѓаните од земјите кои не се членки на ЕУ ќе плаќаат за влез во Унијата.

„Дозволата ќе се издава на самите гранични премини и процедурата ќе трае само неколку дена, уверуваат од Европската Унија. Ова најмногу се прави за поголема контрола по големиот мигрантски бран и опасноста од влез на терористи“.

И овој дел е нејасен. Нема извор од каде е пренесено уверувањето од Европската Унија, а не е убаво објаснета и процедурата за аплицирање за дозвола. Имено, како што објавија некои други медиуми, во согласност со предлогот на ЕК, патниците ќе треба да поднесат апликација за влез во земја од шенген-зоната на посебна интернет-страница или преку апликација за мобилен телефон.

Веста во овој напис не е сеопфатна и не нуди прецизни одговори. Според тоа, не е исполнето основното новинарско правило дека една информација мора да биде убаво проверена од што е можно повеќе страни за јавноста да добие јасна слика за она за што се информира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести