verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Срамен текст се критикува на уште посрамен начин

on 20 - 12 - 2016       

start

[Рецензија: Соголени: СДСМ ја слави смртта на Есма Реџепова!!!]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е полн со невкусни коментари, недоличен е и под секое ниво. Тој претставува критика на друг текст, објавен на друг портал, но не е ништо поинаков од написот што го критикува.

http___vesti-mk_read_article_39658Линк до оригиналниот напис: Соголени: СДСМ ја слави смртта на Есма Реџепова!!!

Датум и време на објавување: 11.12.2016

Датум на рецензирање: 20.12.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 СО НЕВКУС ПРОТИВ НЕВКУСОТ

Самиот наслов на текстот е спин и се обидува на јавноста да ѝ наметне дека опозицискиот СДСМ се сити на смртта на Есма Реџепова, што е целосна невистина.

Имено, написот се обидува да критикува објава на порталот „Мактел“, во врска со смртта на Есма Реџепова. Порталот „Мактел“ објави крајно срамен напис, со наслов: „Добро ни тргна денов, почина големата ВМРОВКА Есма Реџепова“. Вакво ситење за нејзината смрт и вакво невкусно поврзување на Реџепова со која било партија е недозволиво и под сите стандарди. Подоцна, истиот текст, очигледно по многубројните критики на социјалните мрежи, беше повлечен од веб-страницата.

Написот што го рецензираме, пак, се обидува да ја искритикува ваквата нечовечка и срамна објава, но тоа не го прави на поинаков начин, туку на идентичен – изобилува со навреди и со прости коменатри, а дополнително шири лаги и невистини.

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Уште на самиот почеток од текстот се фрла дамка врз опозицискиот СДСМ, односно оваа партија се поврзува со сопственикот на порталот „Мактел“ и се поистоветува со него. Ако некој поединец има одредено мислење за одредена личност, а тој ја поддржува опозициската партија, не значи дека неговиот став е став на СДСМ.

Се искажуваат навреди за партијата и за нејзините членови. Се посочува дека СДСМ одамна не била партија, откако заминал Црвенковски. Ова е своеволно видување и став, што е спротивно на фактите. СДСМ е партија која опстојува на политичката сцена и која на последните вонредни парламентарни избори освои повеќе од 430.000 гласови. Понатаму, се посочува дека „СДСМ бил невладина организација“, а членовите на оваа партија биле „олоши, багра, шљамови, црепови и дибеци“. Ова е крајно недолично и под секое ниво и во никој случај не може да се нарече новинарство.

Целиот текст не заслужува внимание, но токму задача на „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ е да ги бележи ваквите срамни и непрофесионални написи и да им укажува на читателите на тоа како не треба да изгледа новинарството. Овој напис е класичен пример за пропаганда и за ширење спинови и невистини. На читателот не му нуди никакви факти, докази и издржани ставови, туку само го манипулира и го убедува во нешто, користејќи невкусни коментари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести