verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Класична злоупотреба на терминот „анонимни извори“

на 23. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев]

Текстот што го рецензираме личи на сè, освен на новинарски напис. Тој е тенденциозен, полн со коментари и има цел да удри по друг медиум и по неговиот главен уредник, а притоа се води од политички мотиви. Линк до оригиналниот напис: Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев  Датум и време на објавување: 18.01.2017 Датум на рецензирање: 23.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

Во написот се напаѓа главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“, Атанас Кировски дека, наводно,  работел за интересите на СДСМ и дека телевизијата во целост ја ставил на располагање на раководството на таа партија. Притоа,

Напис кој суди наместо да информира

на 20. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија споделува информација со јавноста дека СЈО го повлекло обвинението за „Пуч“, но наместо да ја пренесе новинарски, ја спинува и коментира.     Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат Датум и време на објавување: 18.01.2017 Датум на рецензирање: 18.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   НЕНОВИНАРСКОТО ПОЧНУВА СО НАСЛОВОТ Самиот наслов на написот е надвор од новинарските стандарди, бидејќи коментира правна одлука на Специјалното јавно обвинителство, оценувајќи ја како скандалозна. „Како и што се очекуваше, Катица Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот Пуч во

ТВ-дневник: Многу пропаганда и напади насочени кон СЈО и кон Заев

на 19. 01. 2017 | |
Повлекувањето на „Пуч“ – повод за река напади. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 19 часот на 18 јануари 2017 година]

 

Политичкиот дел на централниот ТВ-дневник на телевизија „Сител“ беше исполнет со пропаганда и со напади, главно насочени кон Специјалното јавно обвинителство и кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради одлуката на СЈО да го повлече обвинението за случајот „Пуч“. Другите вести беа во прилог

Медиумот не смее да се користи за лична пресметка

на 17. 01. 2017 | |

[Рецензија: ВИСТИНАТА ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Од голема политичка надеж до обично куртонче кое се заканува со убиства!!! ]

Текстот што го рецензираме е полн со навреди и со недолични зборови и претставува лична пресметка со функционер на власта, поточно со директорот на Државниот архив, Филип Петровски.   Линк до оригиналниот написВИСТИНАТА ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Од голема политичка надеж до обично куртонче кое се заканува со убиства!!! Датум и време на објавување: 13.01.2017 – 22.48 Датум на рецензирање: 17.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   Написот изобилува со информации кои на читателот му се пласираат на бомбастичен начин како вистинити, иако за нив нема никаква поткрепа ниту, пак, релевантен извор. „Што се случува со овој човек, зошто забега детево толку?! Каде

Каша-попара од текст

на 16. 01. 2017 | | sq
  [Рецензија: СДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии] Овој текст е полн со шпекулации и со рекла-кажала муабети. Информациите кои се пласирани во него немаат извор ниту, пак, некаква реална потврда. Написот е политички мотивиран и е тенденциозен.   Линк до оригиналниот написСДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии Датум и време на објавување: 10.01.2017, 13.57 Датум на рецензирање: 16.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   НАСЛОВОТ НЕ Е ПОДДРЖАН ВО ТЕКСТОТ Самиот наслов е во голема мера ударен и сензационален и на прв поглед изгледа убедлив. Но, кога ќе се прочита текстот, ќе се сфати дека тоа што се тврди во насловот нема никаква поткрепа. На самиот почеток

На лагата ѝ се кратки нозете!

на 9. 01. 2017 | | sq
 

[Рецензија: Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје]

Написот што го рецензираме, брзајќи да го одбрани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и да нападне друг медиум, нагласувајќи дека е „Соросов“, не обрнал внимание на тоа што го пишува и на фактите што им ги нуди на читателите. Линк до оригиналниот напис: Соросовиот „Либертас“ со уште една тешка лага: Книгата на Трамп јавно достапна, ја има во „Сити мол“ во Скопје Датум и време на објавување: 05.01.2017 Датум на рецензирање: 08.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   Сакајќи да побие еден напис, текстот самиот напаравил голема грешка. Имено, тенденцијата на написот се гледа уште во самиот наслов во кој

Накалемен сензационален наслов за повеќе кликнувања

на 5. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Шокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер!]

  Наш читател ни предложи да направиме рецензија на овој текст, бидејќи, како што посочува самиот: „Насловот имплицира дека во текстот ќе се открие личност, додека во текстот пишува дека станува збор за непознато лице. Очигледно наслов за лов на кликнувања и ништо повеќе“. Линк до оригиналниот написШокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер! Датум и време на објавување: 22.12.2016 Датум на рецензирање: 05.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ШОКОТ“ ОД НАСЛОВОТ ГО НЕМА ВО ТЕКСТОТ

Неговата забелешка е на место и токму затоа го прифативме неговиот предлог. Имено, насловот на текстот е сензационален и навестува дека е познато лицето што на медиумите им нуди фотографии од Шумахер како лежи во

Заев не е единствениот пратеник против кој се води судски процес

на 4. 01. 2017 | |

[Рецензија: СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја]

  Текстот што го рецензираме е политички пристрасен и селективен. Тој ја манипулира јавноста дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одбрал да биде пратеник за да избегне кривична одговорност и притоа сугерира мислење дека  Заев е виновен. Линк до оригиналниот написСТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја Датум и време на објавување: 30.12.2016 Датум на рецензирање: 04.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

„НЕКОЛКУ“ НЕ Е ИСТО СО „ДВА“

Најпрво, во текстот не се почитува презумцијата на невиност, а второ, се има селективен пристап. „Опозицискиот лидер Зоран Заев, против кого се водат неколку судски процеси, го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката функција“.  Уште на

Текст кој погрешно го информира читателот

на 30. 12. 2016 | |

[Рецензија: Македонец ќе оди во затвор оти го навредил Ердоган на Фејсбук!?]

  Текстот што го рецензираме во целина е добро напишан, но она што му е недостаток е погрешната информација што ја дава во последната реченица. Написот најверојатно е преземен и притоа можеби е направена ненамерна грешка. Линк до оригиналниот написМакедонец ќе оди во затвор оти го навредил Ердоган на Фејсбук!? Датум и време на објавување: 28.12.2016 Датум на рецензирање: 30.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот информира за барањето на турската амбасада во Скопје, македонското јавно обвинителство да отвори предмет против државјанин на Македонија, кој воедно е и турски државјанин, затоа што на социјалните мрежи пишувал недолични работи со кои ја навредил Република Турција и

Опаѓаат нивото на медиумска писменост во Македонија и интересот за студиите по новинарство

на 26. 12. 2016 | |
Медиумската писменост се дефинира како способност на граѓаните за ефективно користење, разбирање и свесно учество во сите форми на комуникација, како и во демократскиот и политичкиот процес. Фото: Wesley Fryer, Flickr  

Од 2014 година наваму, во Македонија се забележува тренд на затворање на додипломските студии по новинарство, а опаѓа и бројот на новозапишани студенти. До таа година, овие студии биле опфатени на шест факултети, а денеска постојат само на

Претплатете се за најнови вести