verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Демистифицирање на спинот за федерализација

on 22 - 12 - 2016       

aracinovo

[Рецензија: РЕПОРТАЖА: ЗОШТО ДУИ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е коректен и професионално сработен. Тој го разбива спинот кој беше во фокусот на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и на медиумите кои ѝ се наклонети, дека Албанците гласале за СДСМ заради тоа што лидерот на партијата, Зоран Заев, наводно, им ветувал федерализација на земјата и двојазичност на ниво на цела држава.

reportazhaЛинк до оригиналниот напис: РЕПОРТАЖА: ЗОШТО ДУИ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО

Датум и време на објавување: 19.12.2016

Датум на рецензирање: 21.12.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

РЕАЛНА СЛИКА

И сето тоа е направено низ една убаво склопена репортажа од Арачиново, при што на наративен јазик на читателот му е доловена атмосферата во оваа приградска скопска општина и расположението на жителите во врска со изборите.

Самиот наслов на текстот на читателот му најавува дека ќе му одговори на прашањето зошто Албанците од Арачиново гласале за СДСМ, а не за најголемата партија од албанскиот политички блок, ДУИ.

На самиот почеток од написот се објаснува проблемот, односно причината поради која е направена оваа репортажа.

„Неуспехот на албанските партии да добијат гласови во етничко албанската средина предизвика низа реакции и коментари, но и обвинувања за надворешно влијание, па дури и поткуп што наводно се одвивал преку џамиите. Од тие причини, вчера го посетивме осумилјадното село во близина на Скопје, кое беше во центарот на воените случувања во 2001 година“.

Веднаш потоа текстот ни ја пренесува атмосферата во Арачиново и ни раскажува што се случувало во моментот кога авторот заминал таму.

„Студениот декемвриски ден носи значително помала раздвиженост од вообичаената. Понеделник е, продавниците и дуќаните се подготвуваат за работа, децата одат на училиште. Како и секогаш, најактивно е на популарната улица за продажба на мебел, каде што дваесетина фирми имаат свои претставништва. Пред една од нив, муштерии и продавачот се договараат околу транспортот на пазарената стока“.

 

ОД СИТЕ АГЛИ

Низ разговор со четворица селани, јавноста има можност да ги слушне нивните ставови и причини зошто одлучиле на изборите својот глас да го дадат за СДСМ. Тие се децидни дека на земјава не ѝ треба двојазичност ниту, пак, федерализација, бидејќи, како што нагласува едниот од нив, „од Гевгелија до Дебар има еден час возење“.

Тие ги откриваат вистинските причини зошто одлучиле на изборите да ја казнат ДУИ, односно јасно нагласуваат дека гласале за канализација, а не за федерализација.

„’Срамота е да се каже дека во толку големо село, поголемо од некои градови во Македонија, се’ уште немаме канализација. Или дека водоводната мрежа е толку слаба што во лето немаме вода, па црпиме од бунари. Хигиената е на најниско ниво, каналот не се чисти никогаш, се шири страшна реа. Работа нема, се снаоѓаат само тие што имаат приватен бизнис. Другата година кога ќе има локални избори, ДУИ ќе доживее тежок пораз’, тврди нашиот соговорник“.

Подолу во текстот следува разговор со Скендер Халими, еден од основачите на локалниот штаб на СДСМ во Арачиново. Тој вели дека го привлекла програмата на СДСМ „во која нема поделба на етничка или каква било друга припадност, туку само проекти за подобар живот“.

Написот е изработен професионално и заслужува позитивна оцена. По многубројните спинови и шпекулации кои се ширеа низ дел од медиумите во екот на предизборната кампања и по изборите, добро е што преку текст како овој, на јавноста ѝ се доловува вистинската слика за тоа како размислуваат арачиновци и зошто навистина тие гласале за СДСМ, а не за ДУИ, како што беше практика во оваа општина.

Правило во новинарството е кога се пишува некоја вест или се објавува нешто за некого, информацијата да се провери колку е можно подобро и секако да се слушне и втората страна. Токму тоа го имаме во овој напис и тоа директно, од самото место, низ една репортажа која на читателот му создава вистинска слика пред очите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести