verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оцрнувачки текст скаран со вистината

on 6 - 12 - 2016       

zurnal

[Рецензија: Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е класичен пример за спин и за оцрнување на јавно познати личности, во случајов пејачи, само поради тоа што настапуваат на митинзите на опозицијата. Написот се обидува да го убеди читателот дека овие пејачи ги отворале митинзите на СДСМ со југословенската химна.

pejachite-na-zaev-go-slavele-denot-na-republikata-mitingot-na-sdsm-zapochnal-so-himnata-na-sfrj-zurnal-netЛинк до оригиналниот написПејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?

Датум и време на објавување: 30.11.2016

Датум на рецензирање: 05.12.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

А ДОКАЗИ?

Самиот наслов на текстот „Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?“ го содржи главниот спин кој се промовира во целиот текст и кој му се наметнува на читателот како вистина.

„Пејачите, Кристина Арнаудова, Бени Шакири и Златко Ориѓански кои ја забавуваат малкубројната публика на митинзите на СДС (без М, бидејќи со двојазичноста и федерализацијата се откажаа од Македонија) при вчерашното патување кон Македонска каменица и Делчево објавија фотографија на Фејсбук во која на српски јазик напишаа „Денеска е денот, Денот на Републиката“, односно ’Danas je dan DAAAAN REPUBLIKEEEEE’“

Во првиот дел од написот веднаш имаме коментари и оцрнувања на најголемата опозициска партија. Имено, на читателот му се наметнува мислење дека СДСМ се залагал за двојазичност и за федерализација и со тоа се одрекол од Македонија. Имаме оцрнување врз националистичка основа, без никакви аргументи. Овој спин деновиве интензивно го пропагираат медиумите наклонети на владејачката партија. Обвинувањата за двојазичност и за федерализација се дел од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш по ова, вметната е информацијата дека „пејачите на СДСМ“ на „Фејсбук“ на српски напишале: „Денеска е денот, Денот на Републиката“. Се мисли на 29 ноември, денот кога се славел роденденот на поранешна Југославија.

„Се поставува прашањето дали овие југоносталгичари и оние кои ги плаќаат да им пејат на слабопосетените „митинзи“ пред почетокот на беседите и ветувањата на Заев за двојазичност и кантонизација на Македонија  ја пееле химната на распаднатата СФРЈ!?“

Ова е главната порака на написот. Се наметнува прашање без аргументи и без докази. Се претпоставува дека тие ја пееле химната на Југославија, наместо на Македонија, иако никаде нема доказ дека тоа навистина било така.

 

ЈУГОНОСТАЛГИЧНОСТА НЕ Е ГРЕВ!

„За потсетување, СДС (без М) како наследник на СКМ (Сојузот на Комунисти на Македонија) кои во почетоците на плурализмот во Македонија се викаа СКМ-ПДП никако не може да се ослободат од својата југоносталгичност која единствено живее само кај нив и кај никог друг од поранешните држави“.

Тука се прави обид СДСМ да се поврзе со поранешната Комунистичка партија во Југославија и да се убеди читателот дека тоа е нешто страшно и недозволиво. Прво, ваквото тврдење не е поткрепено со ништо, и второ, југоносталгичноста никаде и никогаш не претставувала кривично дело или нешто слично. Оттука, нејасно е зошто е тоа толку страшно?!

Во овој оцрнувачки текст целосно затаиле стандардите на професионалното новинарство, тој е коментаторски, манипулативен и скаран со фактите и со вистината.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести