verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Кога се пишува за бројност, потребни се бројки!

on 8 - 12 - 2016       

 

kurir-za-mitingoot-na-sdsm

[Рецензија: Нервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје]

Овој текст е тенденциозен и политички мотивиран. Аргументите што му ги нуди на читателот не ги базира на факти, туку на лични убедувања и притоа ги пренесува како коментари. Наспроти тоа, не се нудат егзактни информации.

nervoza-kaj-zaev-sdsm-so-pomalku-lugje-od-lani-na-mitingot-vo-skopje-kurir-mkЛинк до оригиналниот написНервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје

Датум и време на објавување: 04.12.2016

Датум на рецензирање: 08.12.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

„Помал број на лица беа присустни на митингот кој вечерва СДСМ го одржа во Скопје во споредба со митингот кој опозициската партија го одржа лани на 17 мај, е првиот и очигледен впечаток кој се забележува“.

Во самата најава на текстот е застапена тезата дека на централниот митинг на СДСМ во Скопје имало помалку луѓе отколку на ланскиот протест во мај. Притоа, ваквите тврдења се поткрепени со формулацијата „очигледен впечаток“. Но, никаде во написот нема бројки, нема споредби, нема никакви факти. Само лични убедувања и видувања за тоа колку луѓе присуствувале на двата собири на опозицијата.

„Исто така во публиката се присутни празнини и дупки па затоа СДСМ осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен со цел да се прикрие слабата посетеност“.

Каде се фотографиите од дупките за кои се зборува? И нив ги нема. Според тоа, не може да се каже дека напишаното е веродостојно.

„Очигледна е и нервозата на раководството на СДСМ кои незадоволни од посетеноста демонстрираат паника и се трудат со гласни извици да го прикријат своето незадоволство“.

Повторно се убедува читателот во нешто врз основа на личен впечаток. Не се понудени ниту аргументи, ниту изјави кои би оделе во прилог на напишаното. Сè е само рекла-кажала муабети и еден тон спинови.

„На митингот се забележуваа албански знамиња, а имаше и албански песни, транспаренти со натпис „Арачиново е со тебе“ и слични што е на линија на заложбите на Заев за воведување на двојазичност и редефинирање на државата“.

На крајот имаме и националистичко зачинување на текстот. На митингот се вееле албански знамиња во знак на заложбите на Заев за двојазичност и за редефинирање на државата. А тоа што се вееја и македонското, српското, турското, југословенското и други знамиња? Ова не е воопшто спомнато во написот.

„Тоа е главната причина за слабата посетеност велат упатените, Македонците не се согласуваат со штетните политики на Заев и неговите обиди за продажба на националните и државните интереси“.

Тука се користат како извор некакви „упатени“, кои извлекуваат заклучок од погоре напишаното, но кои се тие упатени, останува нејасно? На самиот крај се вели дека Македонците не се согласувале со штетните политики на Заев. Тука имаме генерализирање на поимот Македонци. Имено, не може да се каже дека сите Македонци не го поддржуваат Заев, кога повеќе од јасно е дека голем дел граѓани се негови поддржувачи, што може да се види од митинзите што ги организира СДСМ.

Овој текст е наменски и има цел да манипулира со јавноста дека Заев сака да воведе двојазичност во државата и дека поради тоа народот не го поддржувал и не одел на неговите митинзи.

Притоа, ваквите тврдења не се поткрепени со ништо, што во новинарството е неприфатливо и недозволиво. Информации, а не коментари треба да му се понудат на читателот во еден професионален новинарски напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести