verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ајварот контра сендвичите!

on 27 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

[Рецензија:  СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание!]

 

Ова е еден тенденциозен и политички мотивиран текст кој има цел да ја дискредитира „Шарената револуција“ и нејзиниот организиран собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителство. Во написот нема извори, ниту факти со кои би се поткрепиле бројните коментари содржани во него.

slabo-poddrshkata-za-katica-sdsm-morashe-da-angazhira-avtobusi-i-da-deli-krishki-so-ajvar-za-da-donese-narod-pred-sobranie-infomax-mkЛинк на оригиналниот напис: СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание!

Датум и време на објавување: 26.09.2016

Датум на рецензирање: 27.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПЛАТЕНИЦИ СО КРИШКИ АЈВАР!

Текстот уште на самиот почеток содржи тврдења кои не се поткрепени со никакви аргументи. Имено, на читателот му се создава слика дека за протестот на „Шарената револуција“ пред Собранието биле донесени автобуси со членови на СДСМ од други градови, дека улиците во Скопје биле блокирани, а граѓаните револтирани.

„Десетици автобуси со кумановски и велешки таблици пристигнаа во Скопје. Се паркираа кај Олимписки базен и донесоа партиски активисти на СДСМ со цел протестот за поддршка на СЈО да не доживее фијаско. Во Скопје денеска повторно се блокирани улици, граѓаните се револтирани, затоа што протестот се случува пред Собранието во време кога најголем број граѓани се враќаат дома од работа“.

Но, од фотографиите приложени во текстот не се гледа ништо. На сликите има автобуси, но тие се замаглени и не може јасно да се видат регистраските таблички за да може да се тврди дека се од Куманово и од Велес. Понатаму, нема потврда дека со таквите автобуси се носеле членови на СДСМ. Нема изјава од ниту еден член на оваа партија. Нема изјави ниту од наводно револтираните граѓани. Сето ова се тврди во написот, но нема потврда за истото, што ја доведува во прашање веродостојноста на напишаното.

„Од информациите на терен, мнозинството платеници воопшто не знаат зошто се донесени и која е целта. Единствено е тоа што ги гледаат нивните лидери на протестот, кои повторно уништуваат и оштетуваат јавни објекти и површини“.

Какви се тие информации „на терен“ ако нема ниту една изјава? Тука имаме само етикетирање на учесниците на протестот како „платеници“, но нема докази за тоа дека биле платени и колку биле платени.

„Дознаваме дека во општинските организации на СДСМ им делеле кришки со ајвар на оние кои тргнале со автобусите кон Скопје“.

Уште да видевме како луѓето во автобусите јадат ајвар! Ова е смислено напишано за да парира на написите за протестите организирани од власта, на кои се делеле сендвичи, но за тоа имаше многу видеоснимки и фотографии во дел од порталите приложени како докази, што во овој напис, не е случај.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести