verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фејсбук-статус искористен за спин

on 23 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal

[Рецензија: Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја]

 

Овој напис не е вест, туку е преземен фејсбук-статус кој е пренесен како новинарски производ. Материјалот е спинерски и преку фотографии ги манипулира читателите, за да дискредитира високи функционери на СДСМ, но и претставници на „Шарената револуција“ и нивни поддржувачи.

Насловот „Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја“, е тенденциозен има цел да ги поврзе спомнатите кафулињата со нелегални дејства и да ги оцрни, но и да привлече и поголем број кликнувања.

Ден на жалост во кафичите Гнездо Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја zurnal.netЛинк до оригиналниот написДен на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја

Датум и време на објавување: 20.02.2017

Датум на рецензирање: 22.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

СО ЛЕСНОТИЈА ИСКАЖАНИ СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА

„Утре е прогласен ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет. Нема да има редовен дотур на бела прашкаста материја и други облици на производи за халуцинации. #правдазаСетко“, напиша синоќа Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил“.

Ова е објава на „Фејбук“ на водителот Миленко Неделковски, која е преземена и пренесена како ударна вест. На тој начин, не само што е прекршен Кодексот за новинарите и што се прескокнати новинарските  стандарди, туку е објавено и сериозно обвинување.

Имено, кафулињата што се спомнуваат во написот се поврзуваат со нелегални дејства, како што е продажбата на дрога. Притоа, нема никакви докази за тоа, туку целото тврдење се потпира на нешто што е напишано на „Фејсбук“.

Понатаму, во текстот се прави голема манипулација преку  објавените фотографии. Имено, на фотографиите се гледаат високи функционери на СДСМ како седат во посочените кафулиња, а има и фотографија од поддржувачи на „Шарената револуција“.

На тој начин, тие се поврзуваат со она што Неделковски го напишал за да изгледа дека посочените се корисници на дрога, што исто, така е сериозно обвинување за кое и тоа како може да се заработи тужба.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести