verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристрасноста го проблематизира новинарскиот карактер на целиот напис

on 16 - 08 - 2015       

aaaaaaa-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното]

 

Да, навистина е турбо овој текст, ама турбо-реклама за премиерот. Ова е некаков си преглед на настаните на кои присуствувал првиот човек на Владата во изминатите денови. Прашањето е што т.н. преглед е пристрасен до таа мера што се проблематизира „новинарскиот“ карактер на целиот напис.

aaaaaaaЛинк до оригиналниот напис: Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното

Датум и време на објавување: 10.08.2015 – 14:25

Датум на рецензирање: 12.08.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

БЕСПЛАТНА РЕКЛАМА ЗА ПРЕМИЕРОТ ВЛЕЗЕН ВО КАМПАЊА      

Овој материјал е показател дека во последно време за дел од медиумите тенка е, ако и воопшто ја има, границата меѓу бесплатното политичко рекламирање и легитимниот новинарски текст. Неразбирливо е како написи, како конкретниот, поминуваат како кредибилни четива на разно-разни информативни портали. Па, само насловот да се прочита веднаш станува јасно за какво ЕПП станува збор – „Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното“. Ова не го вели партијата на власт или, пак, Владата, туку самоиницијативно, а можеби и нарачано, се констатира во текстот! Како аргументи се користат појавувањата на премиерот на неколку „ударнички акции“, сечења ленти, најави за нови проекти… Поточно, премиерот, кој очигледно е веќе влезен во кампања за априлските избори, си добива бесплатно медиумско покривање.

„Исполнување на ветеното е врвна карактеристика во политиката. Во изминативе три дена, премиерот Груевски реализираше проекти од кои директна полза ќе имаат граѓаните. Груевски пушти во употреба реконструирано училиште што е дел од досега рекоунструираните вкупно 350 училишта, пушти во употреба водовод, беше поставен камен-темелник на колекторски систем, ја посети ТИРЗ Охрид-Струга каде што наскоро ќе влезат 2 фабрики и ќе отворат 2.000 работни места, го посети Плаошник каде се гради капитално дело, пушти во употреба 2 згради со 40 социјални станови, беше предадена во употреба нова плажа, најави дека ќе се зголемат пензиите, дека се почнува со изградба на пет регионални патишта- инвестиција вредна 22 милиони евр, како и дека продолжува проектот за бесплатен одмор на деца од социјални семејства.“

Фалби, фалби, фалби на секоја страна. Впечатокот е дека премиерот се претставува како „политичка Мајка Тереза“, безгрешен, без мани, посветен на „исполнување на ветеното“. Во ниту еден момент во текстот не е вклучен новинарскиот нерв за да се прочепка, провери дали сета таа агенда и работа е реална, делумно реална или, пак, не корeспoндира со фактичката ситуација. Еве, конкретно за посетата на плажата на Стење, во јавноста се појавија поинакви информации од таа што тука ни се пласира – дека случката била однапред подготвена за премиерот. Дека сè е насочено кон „ликот и делотo“ на претседателот на Владата, потврдува и фактот дека единствените цитирани изјави во написот се токму неговите во кои тој, нормално, нема самиот себеси да се критикува, туку напротив ќе си се фали:

„Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на плажата во Стење, истакна дека ќе се реконструираат патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино, Брвеница – Гостивар…

– Покрај овие пет регионални патишта, континуирано работиме и на автопатиштата. Таму работите одат добро, нема застои се се движи со добра динамика, според планираното. Работите и на патиштата и на автопатиштата се одвиваат со добра динамика и согласно планот, нагласи Груевски.“

Јасно е дека материјалот презентира, има една и само една страна, а тоа е онаа премиерската. Тогаш за каква евентуална објективност би зборувале, ја нема во какви било, а камоли во мали траги.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинари.

Долгите и, за мене, како читател, неоправдано долги и здодевни цитирани изјави само од шефот на Владата, на моменти се разбиени со констатции кои всушност се чисти коментари:

„Симултанката на премиерот Груевски започна во петокот…

Сето ова покажува дека Груевски е меѓу народот и ги исполнува проектите кои што ги вети, со работа и посветеност одговара на предизвиците и исполнување на она што е зацртано во програмата, проекти од кои народот има корист.“

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот.

Да резимираме: само една страна, само еден извор, коментари, фалби – класично предизборно политичко рекламирање.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

политичко рекламирање

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести