Рецензии

„Мистеријата“ е откриена: На македонското небо се гледаат телекомуникациските сателити на Илон Маск

на 21. 04. 2020 | |
[Рецензија: Мистерија се случува вечерва над македонското небо- ако го забележавте ова, тоа е тоа што ги загрижи сите (ФОТО)] Текстот шири паника без претходно да ги провери информациите.
Линк до оригиналниот напис: Мистерија се случува вечерва над македонското небо- ако го забележавте ова, тоа е тоа што ги загрижи сите (ФОТО) Датум и време на објавување: 16.04.2020 Датум на рецензирање: 20.04.2020 Рецензент: Ана Анастасовска Текстот кој е предмет на оваа рецензија, преку насловот

Шпекулативно и непроверено тврдење за нов симптом на коронавирус

на 21. 04. 2020 | |
[Рецензија: Погледнете ги стапалата – нов симптом кој се појавува во раната фаза на коронавирусот] Текстот изнесува тврдење дека е откриен нов симптом којшто го имаат заболените од кронавирусот. Но, ова тврдење не доаѓа од релевантен извор, па затоа може да се заклучи дека е шпекулативно и непроверено. Во написот се тврди дека еден од симптомите кај некои од заболените од новиот вирус Ковид-19, наводно, се кожни манифестации, поточно лезии

Кога „Доказ“ без докази обвинува за наводен криминал

на 21. 04. 2020 | |
[Рецензија: Директорот на Македонија пат Беким Мехмеди бесрамно крадел од државата и рекетирал бизнисмени?!] Предмет на оваа рецензија е серијалот написи во кои без докази, се обвинува јавен функционер за криминал. Кога нема докази, тоа е клеветење. Во спротивно, секој за секого би можел да изнесе обвинувања без воопшто да ги поткрепи. Овие написи не се потпираат на аргументи, тие натежнуваат од шпекулации, а дел од наводите  се и непроверливи. Изнесени се куп навреди за функционерот, за

За коментари и непоткрепени обвинувања нема место во вестите

на 21. 04. 2020 | |
[Рецензија: Власта остави многумина на милост и немилост: Граѓани ги споделуваат своите маки, со хуманост до храна и пари за лекови] Во време кога земјата се соочува со пандемија на коронавирусот,  легитимно е новинарите да  „вперат прст” во професионалноста и капацитетот на системот за да се справи со ситуацијата. Но, се разбира, тој „притисок” над власта, особено во вакви околности, треба да се прави со максимални напори за почитување

Недозволиво величање на функционери преку епидемијата со корона вирусот

на 20. 04. 2020 | |
Во ова време на пандемија, нема место за политичката и медиумска пропаганда, а наместо тоа на јавноста и е потребно мобилизирање, поддршка и сензибилизирање за надминување на корона кризата. Текстот што го разгледуваме, заслугите за надминување на епидемиската состојба во земјата му ги препишува на едно лице. Авторот со тоа повредил неколку члена од Кодексот на етика за новинарите, покажувајќи блискост со личност кој е дел од политиката
Веста што

Не е утврдено дали ниските температури помагаат во ширењето на коронавирусот

на 20. 04. 2020 | |
Пред извeсно време државата беше погодена од снежни врнежи. Некои медиуми не ја исклучуваат можноста снегот и студеното време да помогнат во ширењето на вирусот. Всушност, со појавувањето на вирусот Ковид-19, се појавија различни теории за тоа кога може да исчезне истиот. Некои, врз основа на сезонски вируси, претпоставуваат дека и вирусот корона може да биде од таков тип што ќе исчезне со почетокот на потоплите сезони и зголемувањето на

,,Бот” не е извор за новинарски текст

на 15. 04. 2020 | |
[Рецензија:,,Бот” на СДСМ: Проф. Каролина Астеруд Ристова е автор и ,,админ” во Курир] Основното прашање е зошто неумесното тврдење дека професорката Каролина Ристова – Астеруд е администратор на „Курир“, „Република“ и „Информакс“ воопшто претставува основа за новинарски текст? Ова тврдење не е поткрепено со ништо друго, освен со анонимен твит до кој нема ниту линк, ниту име. Практично, непознат, комплетно некредибилен извор се користи како поткрепа за сериозно изнесено тврдење

Кога се информира за број на случаи медиумите треба „да зборуваат“ со бројки

на 15. 04. 2020 | |

Ситуацијата со пандемијата „Ковид-19“ често го покажува отсуството на основни новинарски принципи во некои медиуми в земјата. На пример, не можеме да зборуваме за намалување или зголемување на одредени случаи во општеството, како кражби и семејно насилство, а да не објавуваме бројки во статијата. Таков е написот што го разгледавме

Фотографија од веста што ја разгледуваме
Линк до оригинален напис: Koronavirusi, hajnitë pakësohen – përleshjet në familje shtohen  „Коронавирус: Кражбите се

Мрежата 5G не е инсталирана во Боговиње и нема умирање на птици!

на 15. 04. 2020 | |

Некои медиуми неодамна почнаа да објавуваат дезинформации за мрежата 5G. Анализирајќи го трендот, гледаме дека истите вести се копирани од дезинформациите што пред извесно време се објавени од други локални и меѓународни медиуми

Пишува Фатбарда Цури Станува збор за видео на кое се гледа антена, кое кај дел од порталите и на социјалните мрежи е придружено со наслов дека „во Боговиње (село во Полошкиот регион), се поставени антени од 5G

Сопружниците анестезиолози не се од „Систина“, туку од САД

на 14. 04. 2020 | |
[Рецензија: ФОТО: Прегратката на сопружниците анестезиолози од Систина испраќа моќна порака до сите нас] Портaлот „Локално“ на 13.04.2020 година објави фотографија од двајца анестезиолози облечени во заштитна опрема, за кои тврди дека се вработени во приватната болница „Систина“ и дека ги третираат најризичните пациенти со коронавирус. Но, проверката покажа дека станува збор за лажна вест.
Линк до оригиналниот напис: Прегратката на сопружниците анестезиолози од Систина испраќа моќна порака до сите нас