Рецензии

Клеветите се недозволени во новинарството

на 14. 07. 2015 | | sq
[Рецензија: Некои „албански“ медиуми со македонски газди]   Анализираниот текст содржи клевети, предрасуди и претпоставки. Веродостојноста на овој текст се намалува уште повеќе со тоа што не се знае името на авторот. Потоа, во текстот нема изјави од сите инволвирани страни и, како таков, тој е едностран, тенденциозен и субјективен. Анализата ќе ја почнеме од насловот. Тој дезориентира и дезинформира, бидејќи понатаму целиот текст се заснова врз претпоставката на авторот дека постојат такви медиуми, без да се понудат релевантни факти за овој навод. Линк до оригиналниот наслов: Журнал: Некои „албански„ медиуми со македонски газди Датум и време на објавување: 10.07.2015 Датум на рецензија: 11.07.2015 Рецензент: Фатлуме Дервиши Пред да го напише текстот, авторот требало да го има предвид член 1

Новинарот треба да работи во интерес на јавноста, а не на партијата

на 14. 07. 2015 | | sq

 

[Рецензија: Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата]

  Каде е веста во овој текст? Авторот сакал да каже нешто, ама не се докажал, а и тоа што го кажал, не држи вода. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата Датум и време на објавување: 08.07.2015 Датум на рецензирање: 13.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој текст освен нафрлање лични видувања на авторот нема ништо друго. Нема вест, нема извори, нема ништо. „Единственото што го интересира лидерот на опозицијата Зоран Заев е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност.“ Авторот го почнува написот со

Наменски врамен текст по мерка на власта

на 14. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев на поправен кај Хан и Нуланд]

  Станува збор за целосно необјективен, едностран прилог пласиран „во очи“ на посетите на помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, (13 јули 2015 година) и на комесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан, (14 јули 2015 година). Овој материјал го става во негативен контекст претседателот на СДСМ, Зоран Заев, креирајќи перцепција дека високата американска претставничка и еврокомесарот ќе ја насочат „острицата“ на критиките само кон шефот на опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Заев на поправен кај Хан и Нуланд Датум и време на објавување: 12.07.2015, 16:25 Датум на рецензирање: 13.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

КРИТИКИ САМО ЗА ЗАЕВ!

Тенденциозноста на овој политички пристрасен текст е видлива

News laundering или перење вести

на 11. 07. 2015 | |

[Рецензија: Стабилна економија]

  Една од препораките во учебниците по новинарство, кога новинарите треба да известуваат од прес-конференции, е да знаат да ги разликуваат битните од небитните информации, новостите од службите за односи со јавноста од суштинските новости од јавен интерес и најважно од сѐ, меѓу другото, да не им потклекнуваат на притисоците и на самоцензурата и да ги скријат сите суштински информации – без разлика дали тоа му се допаѓало или не. Наместо едно такво толкување на прес-конференцијата и на соопштението на канцеларијата на Меѓунарордниот монетарен фонд во Скопје (ММФ), пред нас е еден пристрасен, неодмерен телевиски прилог во кој се акцентирани и селектирани само оние оцени во кои има поволно мислење на тимот на ММФ за некои процеси

Tри „фелера“ во текст за неверба

на 11. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Oпозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира]

  Многу кусо, ова е текст без информативна нишка кој детектираната слабост ја компензира со напаѓачки и со плукачки елементи насочени, пред сè, кон други медиуми. Оттука, конкретниот напис е само нечија продолжена рака во пресметката со неистомислениците. Линк до оригиналниот напис: Oпозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира  Датум и време на објавување: 06.07.2015, 16:38 Датум на рецензирање: 10.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  Да, се согласувам дека во изминатиот период имаше наплив од разно-разни информации поврзани со продолжувањето на преговорите за надминување на политичката криза. Да, точно е дека дел од тие информации не беа проверени или, пак, точни. Но, клучното прашање е зошто еден медиум ја

Рецензија: Митевски: Јанкуловска нареди употреба на хеликоптери со бомби во Куманово

на 11. 07. 2015 | | sq
Медиумите секогаш во новинарскиот напис треба да ги претстават двете страни. Новинарите треба да им отстапат простор на инволвираните страни да ги објаснат своите ставови. Притоа, брзањето за да се објават што е можно побрзо вести кои се преземени од портали на други јазици не го оправдува непочитувањето на ова начело. Линк до оригиналниот напис: Митевски: Јанкуловска нареди употреба на хеликоптери со бомби во Куманово (Написот е во меѓувреме

Туѓата шапка!

на 11. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија]

  Насловот на овој текст целосно виси. Пораката што се испраќа со насловната конструкција: „СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија“, не може да се прочита во текстот. Настрана, изгледа смешно, па и куриозитетно, да се смета дека опозицијата може да биде одговорна за движењето на еконосмкиот пораст во земјата! Линк до оригиналниот напис: СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија Датум и време на објавување: 09.07.2015, 08:36 Датум на рецензирање: 10.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска Текстот  се потпира на завршната изјава на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дадена по еднондеделното скенирање на состојбите во македонската економија. Фрагменти од овој извештај се точно пренесени, само паѓа в очи селективнниот пристап

Кукавичко јајце подметнато како вест

на 11. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Курир: Заев повеќе го слуша квартетот Геровски-Ордановски-Фрчковски-Милчин од самиот себе]

  Маскирано во вест, пласирано во рубриката „Вести од Македонија“, ова писание како кукавичко јајце ѝ е подметнато на читателската публика, која очекува да прочита вистински вести и информации во спомнатата рубрика на медиумот, чиј напис рецензираме. Она што, меѓутоа, го добива, се неколку реченици во стилот рекла-кажала, всушност нечие субјективно согледување за тоа кој му „шепка“ на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, какви политички одлуки да носи. Освен што не донесува никаква информација, написот не е ниту шпекулација, туку целосно неоригинална и нерелевантна содржина, која не заслужува простор во информативен медиум. Линк до оригиналниот напис: Курир: Заев повеќе го слуша квартетот Геровски-Ордановски-Фрчковски-Милчин од самиот себе Датум

„Опасна мафија се шета низ градот“ – низ градот Белград. Можеби!

на 10. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Граѓани внимавајте, опасна мафија се шета низ градот – ќе се смрзнете кога ќе прочитате што прават]

  Еден медиум ѝ се обраќа на публиката во земјата каде што излегува. Или, пак, најчесто е така. Во спротивно, ако сака да се чита и надвор од границите на Македонија, би требало да има и верзии на јазикот на земјата во која што претендира да го има. Инаку, која е логиката вие на македонски јазик да ги информирате читателите на Србија за тоа дека опасна мафија „хара“ по улиците на Белград? И спротивно на тоа, која е логиката Македонците да бидат предупредени дека некоја мафија во Белград е опасна за граѓаните? Освен ако не се сака само да се информира,

Рецензија: Зијадин Скопско Села со алкохол на масата за Рамазан (ФОТО)

на 10. 07. 2015 | | sq
  Новинарите треба да го почитуваат верувањата на луѓето што се предмет на нивната професионална работа – така ги учи новинарскиот кодекс. Слободата на изразување се протега до таму каде што почнува слободата на другиот. Верската припадност е лично убедување и затоа е лична работа колку едно лице ја практикува својата вера и никако, ова убедување, кое е гарантирано со закон, не смее да биде предмет на оцрнување на одредена личност. Линк до оригиналниот напис: Зијадин Скопско Села со алкоол на масата за Рамазан (ФОТО) Датум и време на објавување: 05.07.2015 Датум на рецензирање: 06.07.2015 Рецензент: Џенис Сулимани За читателот е важно веста да содржи информација која е важна за јавниот интерес. Веста што ја рецензираме не е од јавен