verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Опасна мафија се шета низ градот“ – низ градот Белград. Можеби!

on 10 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-mafija-Belgrad-crop-resize

 

[Рецензија: Граѓани внимавајте, опасна мафија се шета низ градот – ќе се смрзнете кога ќе прочитате што прават]

 

Еден медиум ѝ се обраќа на публиката во земјата каде што излегува. Или, пак, најчесто е така. Во спротивно, ако сака да се чита и надвор од границите на Македонија, би требало да има и верзии на јазикот на земјата во која што претендира да го има. Инаку, која е логиката вие на македонски јазик да ги информирате читателите на Србија за тоа дека опасна мафија „хара“ по улиците на Белград? И спротивно на тоа, која е логиката Македонците да бидат предупредени дека некоја мафија во Белград е опасна за граѓаните? Освен ако не се сака само да се информира, како што е редот. Но, тука некои работи се помешани, ама не се знае дали се тоа луѓето или државите.

recenzija mafija BelgradЛинк до оригиналниот напис: Граѓани внимавајте, опасна мафија се шета низ градот – ќе се смрзнете кога ќе прочитате што прават

Датум и време на објавување: 03.07.2015, 17:16

Датум на рецензирање: 09.07.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Покрај тоа што текстов ги измешал лончињата за тоа кому му се обраќа, ако го рецензираме како текст кој има логика да се објави и да предупредува граѓани во Македонија, има, исто така, многу слабости. Написот е празен, без детали, без конкретни мометни за тоа која е таа мафија, каде најчесто се движи, која ѝ е целта, колку луѓе брои…

Нема ниту изјава од Министерството за внатрешни работи на Србија со што би се потврдила веста.

Ако веќе и сакале да се објави веста кај нас, можеле барем да се јават во македонското Министерство за внатрешни работи и да прашаат дали има некаква повраност со подземјето во Македонија. Така барем би имало некоја логика да се објави овој текст.

Написов само лажно може да предизвика паника во Македонија, затоа што не е наведено веднаш за што се работи. Секако дека тоа е смислено, но така не се работи професионално новинарство. Сето друго е вишок да се коментира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести