Рецензија: Зијадин Скопско Села со алкохол на масата за Рамазан (ФОТО)
Објавено во Рецензии
on 10 - 07 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
Новинарите треба да го почитуваат верувањата на луѓето што се предмет на нивната професионална работа – така ги учи новинарскиот кодекс. Слободата на изразување се протега до таму каде што почнува слободата на другиот. Верската припадност е лично убедување и затоа е лична работа колку едно лице ја практикува својата вера и никако, ова убедување, кое е гарантирано со закон, не смее да биде предмет на оцрнување на одредена личност.
Линк до оригиналниот напис: Зијадин Скопско Села со алкоол на масата за Рамазан (ФОТО)
Датум и време на објавување: 05.07.2015
Датум на рецензирање: 06.07.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
За читателот е важно веста да содржи информација која е важна за јавниот интерес. Веста што ја рецензираме не е од јавен интерес и може да се смета за тенденциозна.
„На социјалната мрежа Фејсбук, кружат слики од вчерашниот ручек на градоначалникот на Струга, Зијадин Села со православниот Албанец Бранко Манојловски, заедно со уште некои други лица. Големиот број на коментари на Фејсбук се поврзани со тоа што овој ручек се одржал среде светиот месец на постот, и како што се гледа на сликата, двајцата пијат алкоол.“
Примарно за читателот е важноста на состанокот помеѓу Манојловски и Села, за што разговарале тие, а не што и како ручале. Јавноста сака да дознае информации од јавен интерес и новинарот е тој што треба да им ги обезбеди.
Секогаш има интерес за постапките и за личните убедувања на јавните личности, но тие не можат да се употребат како основа за оцрнување, особено не верските убедувања, кои се заштитени со закон и со Уставот на РМ.
Членот 16 на Уставот на Република Македонија вели:
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
верска дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови