verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Знаењето најдобро штити од грешки во текстовите

на 28. 02. 2017 | | sq

[Рецензии: (ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати]

    Рецензираме напис со видеоприлог кој донесува интересно стручно согледување на актуелните политички состојби во македонското општество, гледани низ стручната диоптрија на клинички психијатаар. Но, текстот поради погрешно разбран збор треба да добие негативна оценка, бидејќи ги дезинформира своите медиумски консументи.  Имено, на прашањето на новинарот како ги толкува актуелните испади на јавни личности, кои преку социјалните мрежи отворено застанаа зад агресивната пропаганда на една политичка партија, па дури и отворено повикуваат на насилства, психијатарот тие личности ги оквалификува како веројатни „нарцистички психопати“, односно личности со клиничка дијагноза со патолошки манифестации на однесување. Тој истакнува и дека меѓу политичарите има доста нарцистички психопати и тие

Место факти, промоција на верски убедувања

на 23. 02. 2017 | |

[Рецензија: Научниците потврдија: Лажичката за причествување од црква нема ни една бактерија]

  Приказната дека наводно на лажицата што се користи за причестување во православните цркви немало ниту една бактерија, иако ја ставиле в уста сите верници кои присуствувале на верскиот обред и дека тоа, наводно, го потврдиле и научници, веќе неколку месеци се врти низ српските портали, а сега стаса и во македонските. Почнувајќи од насловот, кој е неверодостоен, преку содржината, па сè до илустрацијата, оваа информација е проблематична, бидејќи нема извори, верски убедувања пласира како факти и читателите ги наведува на погрешни заклучоци. Линк до оригиналниот напис: Научниците потврдија: Лажичката за причествување од црква нема ни една бактерија Датум и време на објавување: 11.02.2017, 16:32 Датум на рецензирање: 

Политички спин спакуван во божемна грижа за амбасадорите

на 17. 02. 2017 | |

[Рецензија: Соросоиди брутално против странските дипломати кои не се во нивна служба]

  Овој текст е класичен пример на пропаганден текст маскиран во новинарски производ, напишан во манирот на замена на тези и, како таков, подметнат на читателите, односно на гледачите, наместо информативен материјал. За шлагворт е земен неодамнешниот случај на кривична пријава за 34-годишен скопјанец, обвинет дека преку „Фејсбук“ му се заканувал на амбасадорот на САД, на неговото семејство и на соработниците, за на него да се накалеми спинот дека за божемната загрозеност на странските дипломатски претставници во Македонија се виновни „соросоидите“, поточно медиумите и цивилниот сектор кои не се под капата на власта. Но, и покрај наброените неколку случаи во кои новинари кои не се со провладина

Забот падна, невкусот остана

на 14. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО)]

  Насловот на овој напис доволно речито зборува зошто е предмет на оваа рецензија. Во него е содржан груб коментар на една непријатност која ѝ се случила на одредена личност за време на јавен настап, што е навредливо и некултурно. Ништо подобра не е ниту содржината на самиот напис – таму потсмешливо се коментира дека видеозаписот од настапот на водителката за време на кој се случило да ѝ испадне заб додека пеела, се споделува на социјалните мрежи и сите ја исмеваат. Линк до оригиналниот напис: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 12.2.2017, 15:39

За квалитетна вест, важна е прецизноста

на 13. 02. 2017 | |
 

[Рецензија:  Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев]

  За да биде добро напишана, една новинарска вест треба да биде куса, прецизна, разбирлива и да ги содржи сите елементи што ќе ја пренесат целосната информација. Предмет на оваа рецензија е една куса вест, од само две реченици, за тоа со кого сè ќе се сретне еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, за време на посетата на Скопје, во екот на постизборните преговори за формирање влада. Одговорот е даден и во насловот: „ Хан ќе се сретне и со премиерот Димитриев“, со што се сугерира дека, освен со Димитриев, Хан ќе се сретне и со некој друг, во случајов тоа се парламентарните партии. Сепак, начинот на кој е срочена

Лични навреди и квалификации подметнати како новинарство

на 9. 02. 2017 | | sq

 

[Рецензија: Сорос и СДСМ го бранат Бејли од американскиот Конгрес]

  Рецензираме гневен и исклучително непрофесионално срочен текст, полн со лични навреди и со негативни квалификации наменети за голема група личности од јавниот и од интелектуалниот живот на земјава. Поводот за пишување на овој текст е неодамнешното писмо за поддршка на Амбасадата на САД и на земјите на ЕУ во Република Македонија од група македонски интелектуалци, упатено до американскиот Конгрес и до Европската комисија. Линк до оригиналниот напис: Сорос и СДСМ го бранат Бејли од американскиот Конгрес Датум и време на објавување: 3.02.2017 Датум на рецензирање: 7.02.2017 Рецензент: Југослава Дуковска   Главна цел на написот не е да информира, туку да пренесе нечии ставови за некоја актуелна дневно-политичка тема.

Крвавиот плен не е рекорд за пофалби

на 2. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: Нов рекорд во Македонија: Ловџиите совладаа 19 диви свињи во Преспа (ФОТО)]

  Оваа фото-вест предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради својата содржина и насловот. Имено, се работи за информација дека група ловџии отстрелaле 19 диви свињи и со тоа се пофалиле на јавноста, фотографирајќи се со својот плен. Вообичаено, вести за исход од нечиј лов ретко го наоѓаат својот пат до медиумите освен кога се работи за некаков рекорден улов или за отстрел на таканаречен „штетен дивеч“, најчесто волци кои нападнале нечии стада овци. Во овој случај се работи за невообичаено голем број убиени животни за време на отворена ловна сезона. Она што боде очи е лошо срочениот наслов, кој изгледа цинично и несоодветно, а во

И снегот (зло)употребен во политички цели

на 12. 01. 2017 | |

[Рецензија: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО)]

  Дали веста што ја рецензираме информира, дезинформира или оцрнува? Одговорот на ова прашање ќе се добие доколку се анализира содржината и фотографиите што ја дополнуваат. Се работи за таканаречена „фото-вест“, односно информација која појаснува фотографија од местото на случувањето, поточно од неименувана улица во Куманово, прекриена со снег, за време на неодамнешниот студен бран што ја зафати Македонија кусо по новогодишните празници. Линк до оригиналниот напис: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО) Датум и време на објавување: 6.01.2017 Датум на рецензирање: 10.01.2017 Рецензент: Југослава Дуковска     Според расположливите информации од медиумите, Куманово со денови беше еден од најстудените градови во Македонија. Дополнително, се информираше за тоа дека

Иконите „плачат“ или се прават сензации?

на 5. 01. 2017 | |

[Рецензија: Се повтори чудото во Трубарево, солзи од иконата на Богородица]

  Опис на чудо или подлегнување на сензационализам според принципот на помал отпор? Ова е дилемата што се наметнува на прв поглед кога ќе се прочита написот што го рецензираме. Се работи за релативно познат тип на сензационалистички написи, кој зачестено се повторува последниве десетина години, а тоа се религиски чуда од разни видови. Притоа, доминираат таканаречените чудотворни икони, кои носат среќа, лекуваат болести, се чистат самите или лачат непозната течност, која православната црква ја нарекува „миро“, како што е во случајот што се опишува во овој текст. Линк до оригиналниот напис: Се повтори чудото во Трубарево, солзи од иконата на Богородица Датум и време на објавување: 2.01.2017 Датум

Ниту вонредна состојба, ниту граѓанска војна

на 28. 12. 2016 | |
Тони Науновски: „За да се избегне граѓанска војна, ќе мора веројатно претседателот на РМ да воведе воена состојба“. Фото: скриншот  

[Oсврт на настапот на Tони Науновски на емисијата „24 Анализа“ на ТВ „24 Вести“, 21.12.2017 во 21 часот]

  Пишува: Југослава Дуковска   Со месеци наназад, но особено во постизборниот галиматијас на македонската политичка сцена, некои од највисокофреквентните тонови на политичката дискусија ги даваат настапите на аналитичарот Тони Науновски,

Претплатете се за најнови вести