verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Забот падна, невкусот остана

on 14 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

telegraf

[Рецензија: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО)]

 

Насловот на овој напис доволно речито зборува зошто е предмет на оваа рецензија. Во него е содржан груб коментар на една непријатност која ѝ се случила на одредена личност за време на јавен настап, што е навредливо и некултурно. Ништо подобра не е ниту содржината на самиот напис – таму потсмешливо се коментира дека видеозаписот од настапот на водителката за време на кој се случило да ѝ испадне заб додека пеела, се споделува на социјалните мрежи и сите ја исмеваат.

Рецензија: Забот падна, невкусот останаЛинк до оригиналниот напис: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 12.2.2017, 15:39

Датум на рецензирање: 13.02.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ИСМЕВАЊЕ

Во конкретниов напис, впечаток е дека се поминати границите на добриот вкус: во него се исмева странска телевизиска водителка само затоа што ѝсе случило да ѝ падне заб среде пренос во живо во емисија на една шпанска телевизија. Настанот е документиран и со видеозапис и нема сомневање дека се случил, но вистинитоста во овој случај никако не може да компензира за неетичкото известување за него.

„Видеото се споделува на социјалните мрежи и сите ја исмеваат“.

Се поставува прашањето зошто некој би исмевал човек кому му се случила ваква незгода? Ваквиот неетички пристап е истакнат и во самиот наслов, каде се вели дека се работи за водителка на која „сите покажуваат со прст“. Во секојдневната етика на однесување, наречена бон-тон, гестот на покажување со прст се смета за исклучително некултурен, а изразот: „ на него се покажува со прст“, сугерира негативно издвојување, дискриминирање на таа личност.

Новинарот мора да биде свесен за последиците и за ефектите од неговите зборови, мора да внимава на нивниот избор и не смее да навредува или исмејува,

стои во Прирачникот за етика во новинарството.

Не треба да се заборави дека медиумите имаат општествено одговорна улога и поради тоа се наметнува прашањето какви вредности  се промовираат со вакви наслови и содржини?

Содржините на рубриките со таканаречени полесни теми (занимливости, забава, итн.) се вообичаено пренесени со полесен стил, па кај нив не треба да се очекува докрај да ги запазуваат строгите норми на новинарскиот израз. Но, тие често се движат по тенката линија помеѓу коректноста и невкусот, а некогаш и ја пречекоруваат, како во овој случај.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести